Фото: Shutterstock.com

Microsoft AI делот од компанијата претстави два големи јазични модели кои се целосно развиени од страна на компанијата. Ова значи дека Microsoft работи на целосно независни јазични модели од OpenAI, на чии модели во главно ја темелат својата понуда за вештачка интелигенција и на кои функционира Copilot. 

Со ова се потврдува правецот во кој одреден период се најавува дека ќе го прифатат од Microsoft, а тоа е намалување на зависност од OpenAI, компанија во која досега инвестираа повеќе милијарди долари. 

Јазичните модели кои беа претставени од страна на Microsoft AI се MAI-Voice-1 и MAI-1-preview. 

Првиот е јазичен модел за генерирање на говор, додека вториот е повеќе „класичен“ модел, односно каков што повеќето се навикнати да користиме, за генерирање на текстуални одговори на прашања. 

Тоа што посебно се истакнува за MAI-1-preview е дека е трениран со многу помалку ресурси од што обично се користат, па користени се 15.000 Nvidia H100 графички процесори, нешто што обично е околу 100.000.

Овие јазични модели засега се во тест фаза и се достапни за тие кои се заинтересирани, а се најавува дека во периодот што следи ќе можат да се користат во одредени ситуации преку Copilot.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаWindows 11 25H2 надградбата стана достапна во Release Preview каналот
Следна статијаRealme прикажа концепт телефон со батерија со капацитет од 15.000 mAh
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.