Фото: Shutterstock.com

Додека чекаме вештачката интелигенција целосно да го преземе поголемиот дел од програмирањето, засега веруваме дека ВИ е одлична алатка која им помага на програмерите да ја завршат својата работа доста побрзо. 

Сепак, според студија направена од страна на METR, користењето на алатките со вештачка интелигенција ги прави програмерите до 19% побавни во својата работа. 

Ова барем важи за искусните програмери кои имаат повеќе годишно искуство во развојот на сопствен код и негова измена. 

За студијата биле ангажирани 16 програмери кои имале повеќе годишно искуство со работа на конкретни софтверски репозиториуми. За време на истражувањето, програмерите ги работеле стандардните работи кои би се очекувале од нив, односно кои би ги работеле во нормални услови, како одржување на репозиториумите, исправка на грешки, додавање функции и „рефакторирање“ на кодот. 

Програмерите биле поделени во две групи, едната во која може да се користат ВИ алатка, како Cursor Pro и Claude од Anthropic, како и втората во која не смееле да се користат алатките. 

Интересно е што програмерите очекувале 20% подобрување на ефикасноста при работата кога се користат ВИ алатки, па јасно е колку е големо изненадувањето дека тие биле побавни за 19%. 

За да точно се види како се одвива работата, односно како влијаат ВИ алатките, при работењето програмерите го снимале својот екран, од каде доаѓаат и точните заклучоци. 

Дел од работата на програмерите сепак е помогната од вештачката интелигенција, но на крајот времето се губи на проверка на кодот кој го генерира алатката, чекање за тоа генерирање и исправка на грешки. 

Тоа што може да се заклучи е дека засега вештачката интелигенција сепак не може да ги замени програмерите, а посебно тие со искуство и знаење, но ќе видиме што не чека во иднина. 

Оваа студија е направена на јазичните модели достапни во 2025, а истакнуваат дека поновите верзии кои излегуваат веќе се доста подобрени.

ИЗВОРArs Technica
Претходна статијаGoogle навистина планира спојување на ChromeOS со Android во една платформа
Следна статијаГласот на Бранка Станковска повторно се слуша благодарение на македонскиот стартап Tytl и вештачката интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.