Фото: Shutterstock.com

Nvidia сѐ уште има забрана за извор на најновите чипови во Кина, но нешто послабиот и постар H20 чип можеше слободно да се продава во земјата до оваа година. Трамп го забрани извозот и на овој чип, но после доволно аргументација и лобирање од страна на Nvidia, чипот повторно стана достапен за извоз во Кина. 

После загуба на повеќе милијарди поради ваквата одлука, сега Nvidia повторно има проблем за враќање на кинескиот пазар. 

Според информациите, кинеските власти им препорачуваат на компаниите да не ги користат овие чипови, а посебно ако се работи за владини и безбедносни компјутери. 

Официјална забрана за купување на чипот нема, но наводно властите покажувале голем интерес за причините зошто се користат чипови од Nvidia, наместо од кинеските компании, како Huawei на пример. 

Инаку H20 е графички чип кој се користи за вештачката интелигенција, односно за тренирање на јазичните модели, како и функционирање на „четботовите“. Nvidia е главниот производител во светот на вакви чипови, па јасен е интересот од страна на кинеските компании, а и важноста на тој пазар за Nvidia. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаЕлон Маск ги обвини Apple дека го фаворизираат ChatGPT во App Store на сметка на другите вакви апликации
Следна статијаMicrosoft Edge ќе биде поддржан на Windows 10 до крајот на 2028 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.