Познатиот сервис за проверка на текстовите за печатни грешки, граматика, како и начин на изразување и слично, го презема наредниот чекор кој слободно може да се каже е очекуван во овој период на популарност на вештачката интелигенција и јазичните модели.

GrammarlyGo е новата функцијата која станува дел од Grammarly апликацијата, а истата е направена на основа на генеративната вештачка интелигенција. Ова значи дека способноста за исправка на текстовите од страна на Grammarly ќе стане доста поголема и ќе нуди повеќе од досега.

Како што истакнуваат од компанијата, GrammarlyGo ќе може да се користи за проверка на веќе напишаните текстови и нивна промена, но и за пишување на текстови од почеток, што е и главната новина со користењето на вештачката интелигенција. Корисниците се што треба е да дадат неколку насоки, по што Grammarly ќе напише цел текст.

Тоа по што GrammarlyGo треба да се разликува од останатите вакви сервиси е можноста да се прилагоди на стилот и брендот на компанијата, а покрај тоа достапни се и неколку можности за избор на стилот на изразување, професионалноста и слично.

За почеток GrammarlyGo ќе им биде достапен на корисниците на верзиите од сервисот кои се плаќаат, а бесплатната верзија во ограничен број на земји, од кои не и во нашата.

ИЗВОРGrammarly
Претходна статијаЗошто правата на интелектуална сопственост (ИПР) се важни за поттикнување на трговијата меѓу страните на ЦЕФТА?
Следна статијаСо инвестиции во 10 стартап компании, Акцелераторот УКИМ ја зајакнува својата улога како центар за развој на иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.