Најновиот голем јазичен модел за генерирање на видеа, Veo 3, беше претставен на Google I/O 2025 во мај оваа година. Тој прво им стана достапен на корисниците на Ultra пакетот од Gemini, кој е доста скап, а сега им станува достапен на многу поголем број на корисници.
Од оваа недела, Veo 3 ќе може да се користи од страна на претплатниците на AI Pro пакетот, а достапноста е пуштена во целиот свет, односно во 159 земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Корисниците со овој јазичен модел ќе можат да креираат видеа кои како што може да се види стануваат се пореални, па прашање на време е само кога истите и нема да можат да се распознаваат.
Сепак, намената на ваквите алатки е да се креираат кратки промотивни видеа, а исто така засега сѐ уште се во главно демонстрација што може да направи оваа технологија.
Предноста на Veo 3 во споредба со претходната генерација е можноста да се генерираат видеа со дијалог, позадински звуци и слично, а корисниците добиваат можност да креираат видеа до 8 секунди.
Моделот кој се користи е Veo 3 Fast, а корисниците на Pro пакетот се ограничени на до три видеа дневно, по што можат да го користат Veo 2 моделот.