Фото: Google

Време беше после толку време, па Gemini ќе дојде кај телевизорите, односно тие кои работат на Google TV платформата. Со Google TV доаѓаат телевизорите од Sony, Panasonic, TCL и други, што значи дека платформата има доволно голема бројка на корисници. 

Gemini for TV ќе им овозможи на корисниците да разговараат со овој веќе познат „четбот“, а ќе го замени досега достапниот Google Assistant. Сите досегашни можни команди со Google Assistant ќе бидат достапни и со Gemini, но секако со сите нови можности кои доаѓаат со вештачката интелигенција. 

За почеток оваа новина ќе им биде достапна на корисниците на одредени модели и во главно во САД, но со тек на време ќе биде достапна за сите корисници. 

Достапноста на Gemini кај телевизорите отвора повеќе нови можности за корисниците, па тие сега со нормален говор ќе можат да побараат предлози за што да гледаат, да побараат информации за претходната сезона од серијата која ја гледаат, на пример, да побараат некоја серија или филм за кои не можат да се сетат на името и повеќе. 

Поради фактот што се работи за Gemini „четботот“, корисниците ќе можат да ги прават и стандардните разговори кои ги прават преку апликацијата на мобилните и преку веб. Тоа значи дека сега преку телевизорите ќе може да се постават прашања за учење на нови способности, за готвење и слично. 

Во случајот со телевизорите, донесувањето на вештачката интелигенција е навистина корисно, за разлика од додавањето на ваквите алатки во сите можни производи како што тоа го прават некои компании. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаNASA ги избра Blue Origin и нивното Blue Moon Mark 1 летало за слетување на ровер на Месечината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.