Фото: OpenAI

OpenAI ја најави една од најлогичните наредни функции на ChatGPT, а тоа е можноста за купување на производи директно од разговорот. Една од најкорисните работи за кои може да се користат ваквите алатки е за пребарување на производи, односно препорака врз основа на барање, споредба и слично. 

Сега корисниците после добивање на одговорите, ќе можат да притиснат и директно да го купат саканиот производ, без потреба од негово барање и отворање на страната од продавачот. 

Оваа новина во ChatGPT е наречена Instant Checkout и е развиена во соработка со познатата компанија за онлајн плаќања Stripe.

За почеток, Instant Checkout им е достапна очекувано само на корисниците во САД и само за производите преку Etsy продавницата. За кратко се најавуваат и други познати американски продавници кои се направени преку Shopify, но засега нема информација кога може да се очекува достапност и во остатокот на светот. 

Заедно со оваа новина, OpenAI го претстави и протоколот на кој истата работи, односно Agentic Commerce Protocol, кој е отворен и ќе можат да го користат заинтересираните продавници. 

Овој протокол ќе може многу лесно да се интегрира доколку продавницата веќе го користи системот на Stripe, но ќе може да лесно да се интегрира и со другите платежни системи. 

Начинот на којшто работат овие две новини е преку комуникација со системот на продавницата, нешто што веќе се прави преку нивната веб страна, па протоколот овозможува ВИ агентите да можат да го прават истото. 

Оваа нова можност дефинитивно може да се каже дека е една од клучните функции на вештачката интелигенција во иднина, па продавниците ќе мора да бидат прилагодени доколку сакаат да продолжат да ги продаваат своите производи во саканите бројки. 

ИЗВОРOpenAI
Претходна статијаТелеком и Министерството за дигитална трансформација креираа AI-решение за полесно пребарување податоци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.