Фото: OpenAI

Иако од OpenAI работат на автоматска проценка на возраста на корисниците, со помош на ВИ секако, ChatGPT доби уште подобар начин за родителите да се чувствуваат посигурно кога нивните деца ја користат оваа алатка. 

„Родителските контроли“ станаа официјална можност кај ChatGPT, па родителите ќе можат да се поврзат со сметките од нивните малолетни деца и со тоа да бидат посигурни какво искуство ќе имаат тие преку оваа доста популарна алатка. 

За контрола на сметката на децата, родителите се што треба да направат е да ја поврзат нивната сметка со таа на детето. Тоа се прави преку испраќање на покана, а истото може да го направи и детето. 

Со самото додавање на сметката како дел од родителските контроли, сметката на детето автоматски добива посебно ниво на заштита од видот на содржина кој ќе се прикажува во разговорите. 

Фото: OpenAI

Родителите ќе имаат пристап до прилагодувањата на ChatGPT во име на своите деца, а тие нема да можат да ги прават промените самите. 

Прилагодувањата ги вклучуваат веќе достапните како можноста за исклучување на учеството во подобрување на јазичниот модел, исклучување на меморијата, исклучување на гласовен режим, генерирање на слики, како и намалување на чувствителна содржина. На крајот, родителите ќе имаат можност да изберат во кои чесови децата веќе нема да можат да го користат ChatGPT. 

Родителите ќе добиваат и известувања доколку разговорите кои ги прават нивните деца со ChatGPT укажуваат на некој сериозен проблем, а потврда за истото ќе има преку проверка на разговорот од страна на стручни лица. 

OpenAI во неколку наврати сепак истакнува дека приоритет за безбедноста треба да бидат разговорите кои родителите ги имаат со своите деца, односно како тие ќе ги учат за користењето на вакви алатки.

ИЗВОРOpenAI
Претходна статијаПознатата Electronic Arts купена од страна на конзорциум од три инвестициски компании
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.