Shutterstock.com

Дали некогаш сте слушнале како плаче бебе? Без разлика дали е во прашање вашето бебе или туѓо, звукот секако не е пријатен. Но, со плачењето бебињата се обидуваат да испратат некоја порака. Најчесто таа порака е до родителите, и таа најчесто значи дека на бебето му е потребно нега. Без разлика дали е тоа промена на пелена, бањање, млеко или едноставно плаче затоа што му се спие, бебињата со плачењето се обидуваат да комуницираат.

Но како да знаеме што точно сакаат да ни кажат? Плачењето е вид на невербална комуникација која бебињата ја користат се додека не почнат да зборуваат. Но, за среќа постои и нешто што се вика Вештачката интелигенција и таа многу помогна во разбирањеот на бебешкиот плач. Според едно истражување објавено во IEEE/CAA Journal of Automatica Sinica, истражувачите кои работеле на Вештачка интелегенција објаснија како успеале да го „преведат“ плачот на бебињата во разбирлив говор, барем за нас возрасните.

Огромна помош во овој проект научниците имале од неонаталните медицински сестри, кои благодарение на нивната професија, Тие се во постојан контакт со бебињата и со текот на времето научиле што им е потребно во секојдневната нега. Истражувачите донеле микрофони во неонаталниот оддел од болница и со помош на сестрите го „превеле“ плачот на бебињата. Бебињата кои биле дел од истражување биле на возраст од 3 до 6 месеци, па истражувачите успеале да направат 48 различни снимки на 48 различни видови на бебешки плач. Секој од нив значел одредена потреба, па затоа плачот при вадење на нови заби кај бебето бил  поинаков од плачот за храна.

Сестрите пак, успеале различните видови на плач да ги сумираат во 5 базични категории: Плач за внимание, за промена на валкана пелена, плач за глад, за спиење и некомфорност. Последната категорија е премногу општа, бидејќи повеќе фактори од претходните групи би можеле да влезат во неа. На пример некомфорноста кај бебињата може да биде предизвикана од валкана пелена, од гасови во стомачето но, и поради други посериозни проблеми.

Според алгоритамот на истражувачите, секоја од тие 48 снимки, дале и различни шеми на интервалите во плачење. Секој плач имал посебен интервал во кој бебињата плачеле и шемите биле лесни за учење откако ќе се научеле интервалите и интензитетот на плечењето. Тимот позади ова истражување се надева дека податоците ќе бидат од корист на медицинските лица кои се грижат за бебињата, но и на родителите исто така.

Претходна статијаHuawei освои две награди на годишниот TechRadar Mobile Choice Consumer Awards 2019 – најдобар телефон со камера и телефон со најдобра вредност
Следна статијаЕлон Маск го најави претставувањето на Cybertruck возилото од Tesla за 21 ноември