Во текот на вчерашниот ден планетата Меркур, која е една од двете планети кои се поблиску до сонцето од Земјата, помина пред сонцето во позиција која можеше да се набљудува од Земјата.

За да дојде до ваква позиција потребно е Земјата, Меркур и сонцето да се погодат во иста линија, нешто што иако би се очекувало да е почесто, сепак поради нешто поразличната орбита на планетите не се случува цело време.

Меркур е најблиската планета до сонцето во нашиот сончев систем, па орбитата на оваа планета околу нашата ѕвезда трае 88 денови, за разлика од околу 365-те денови потребни на нашата планета.

Сепак, поминувањето на Меркур пред сонцето од наша гледна точка не се случува повеќе пати во годината, па кога тоа ќе се случи е интересен настан за астрономите и аматерите кои го набљудуваат небото.

Во продолжение одлично видео кое ги објаснува орбитите на трите планети најблиски до сонцето, односно на Земјата, Меркур и Венера. Исто така, на видеото може да се види како изгледа „поминувањето“ на планетите преку сонцето, од гледна точка на Земјата.

Инаку за споредба, Венера може да се набљудува многу поретко од Меркур, па по последното „поминување“ во 2012, наредната шанса ќе биде дури во 2117, поточно во декември.

ИЗВОРBBC
ИЗВОР 2Space.com
Претходна статијаFirefox 72 ќе ја менува бојата на „scrollbar“ лентата според бојата на позадината на веб страната
Следна статијаGoogle планира да ги означува бавните и брзите веб страни во Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.