На сите одржани периодов и закажани настани, се приклучува и Microsoft, меѓутоа тешко дека тоа би било со настан за мобилен уред, како кај останатите, барем шансите се премногу мали. Тоа што се очекува од Microsoft е претставување на нова генерација од својата Surface линија на уреди кои веќе одреден период немаат добиено „освежување“.

Настанот е закажан за 2 октомври и ќе се одржи во Њујорк со почеток во 22:00 часот според македонско време.

Според достапните информации, не се очекува претставување на значително променети Surface уреди, ниту некој нов Surface уред, а истото најверојатно ќе се случи идната година. Она што се очекува е претставување на нова генерација од Surface Pro и Surface Laptop уредите, кои се спремни да бидат засилени со нова генерација на процесори од Intel, а сигурно и по уште некоја друга „ситница“.

Она што исто така може да биде дел од настанот е и нова генерација од Surface Studio, одличниот се-во-едно десктоп компјутер кој стана познат по можноста за додатоци кои се користат на екранот.

Дополнително, Microsoft сигурно ќе даде и информација поврзана со нивните сервиси и софтверски решенија, а можеби ќе ја најави и наредната надградба на Windows 10.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаiPhone XC ќе биде името на третиот и најевтин iPhone модел?
Следна статијаЗа прв пат во Македонија специјализирана Акцелераторска програма за стартапи што ќе работат на иновации за Вселената и Земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.