Џеф Безос е човек со многу обврски и одговорности – тој е ЦЕО на една од најголемите компании во светот (Амазон). Ако тоа не е доволно, тој се обидува да овозможи иднина за човештвото во вселената (со Blue Origin). Неговиот живот периодов беше турбулентен. Се разведе од сопругата, која ќе стане една од најбогатите луѓе на светот, со богатство од околу 35 милијарди долари. Но, и покрај тоа тој се обидува да ја одржи структурата на неговиот ден недопрена.

Ранобудник

Безос е еден од оние фрикови кои стануваат пред 5 часот наутро. Тоа значи и дека си легнува прилично рано, пред 22 часот. Тим Кук е уште полош: станува во 3:45 секое утро.

Време со семејството

Како го користи времето кога ќе стане претерано рано? Поминува време со фамилијата. Тој вели дека сака утрото да му биде лабаво, без многу стрес. Доручкува со своите деца, чита весник, пие кафе, работи типични за просечниот човек. Кога го користиме утрото за “wandering” нашите креативни џусеви се ослободуваат и лесно може да се инспирираме за нешто или да дојдеме до решение за проблем кој претходно не измачувал.

Тешките состаноци ги закажува рано

Тој секогаш го има најважниот состанок во 10 часот наутро. Ако е нешто што изискува поголем ментален напор, се чувствува подобро ако е вклучен во тоа што порано во денот, бидејќи се чувствува поодморено и креативно. Често паѓаме со енергија и фокус при крајот на денот, особено ако претходно сме имале предизвикувачки неколку часа. Најтешките обврски најквалитетно се завршуваат наутро.

Дури, Безос настојува воопшто да не носи важни одлуки кога е преморен. Затоа, после пет часот тој се „исклучува“ и го остава она што го работи во моментот за наредниот ден. Кога сме уморни после напорен ден полесно можеме да донесеме погрешна одлука или да бидеме испровоцирани да направиме нешто што не сакаме да го правиме. Затоа Марк Закерберг ја носи истата облека секој ден. За да остави што повеќе простор за носење на поважни одлуки отколку тоа како ќе изгледа дента.

Спиењето му е приоритет

Дури, еден од најголемите приоритети. Безос се труди да спие осум часа секој ден „Ако правиш компромиси во спиењето, може ќе добиеш дополнителни два „продуктивни“ часа, но таа продуктивност е илузија“. Кога сме добро одморени, се чувствуваме како различен човек. Пофокусирани, одморени, расположени. Носиме подобри одлуки и потешко можеме да бидеме испровоцирани. Кој не би го сакал тоа?

Претходна статијаШто сè ни носат Galaxy S10 телефоните?
Следна статијаHuawei во првиот квартал со приход од 26,7 милијарди долари, 39% поголем во однос на истиот период лани