Со 25.5 милиони „followers” на Твитер, Елон Маск е еден од поинтересните „ВИП“ профили во етерот. Иако ретко пишува подолги твитови (threads) или влегува во подлабока дебата, очигледно, со причина, внимателно следиме што и да објави. По делењето на неговиот Истаграм и Фејсбук профил, присутен е само на Твитер.

Затоа и ми фати око еден дел од негово интервју во кое, меѓу другото, објаснува што мисли и како го користи Твитер. Еве ги најинтересните делови.

Прво, иако изгледа како да е често присутен на Твитер, Маск е на online по 10-15 минути во денот. Воглавно во вечерни часови, пред спиење. Без разлика што е супер познат и CEO на неколку компании на кои им се следи секој чекор, нема филтер на што пишува – објавува тоа што ќе му дојде. Секако, освен што внимава да не објави ценовно-чувствителна информација за акциите на неговите фирми – тогаш би имал проблеми со законот (и инвеститорите).

Твитер го смета како медиум на кој „може да дознае новости, да биде во тек со она што се случува“. Всушност има добра изјава – „Чувството на Твитер е како да се нурнувам во свеста на колективот во real time. Малку е чудно дури.“

Она што им бодеше очи на многумина – особено новинари – е тоа што често Маск до неодамна влетуваше во расправии со новинари на Твитер. Човекот едноставно е разочаран – со причина – од новинарството во САД. Не само што објавуваат неточни информации, туку често има целосно лажни текстови каде што новинарот не се ни обидува да ја провери приказната. Fake news како што би рекол Претседателот Трамп (особено по фијаското со Russia-gate).

На кратко, на Твитер Маск е just one of us, normal guy кои си твита што ќе му дојде на памет и ужива 15-20 минути во споделување и „скролање“ низ она што имаат да го кажат оние 70-тина профили кои ги следи и коментарите на оние 25 милиони кои ги следат неговите постови.

п.с. Најдобриот (подолг) серијал текстови за се за Елон Маск се оние на Тим Урбан (самиот Маск му побарал да ги напише како одличен автор и човек што навлегува длабоко во поентата). За оние кои повеќе ги интересира.

Претходна статијаДали Microsoft Edge ќе биде достапен на Linux?
Следна статијаИграјте ја „Змија“ на Google Maps
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.