Google

Google под насловот „Се движиме кон побрз веб“ најави промени кои планира да ги воведе во нивниот Chrome прелистувач, промени кои би требало да ги мотивираат програмерите подобро да ги прават и оптимизираат нивните страни.

Во иднина, Google Chrome ќе прикажува посебни беџови, ознаки и бои, зависно од тоа дали веб страната која се отвора, го прави тоа брзо или бавно. Покрај моменталната брзина на отворање, Google ќе ги зема во предвид и претходните статистики на таа страна, а исто така и ќе го информира корисникот дали некоја страна е бавна поради неговата мрежа и хардвер.

Ознаките на страните ќе бидат во повеќе форми, кои од Google уште ги размислуваат и тестираат. Како што може да се види од сликата, бавните страни може да имаат лента која го прикажува отворањето на страната, а на празното место каде треба веќе да е прикажана страната, ознака дека таа страна обично бавно се отвора.

За разлика од нив, брзите страни ќе бидат истакнати исто така, но со тоа што, на пример, лентата која го прикажува отворањето, ќе биде со зелена боја.

Промените не е сигурно дали и кога ќе бидат воведени. Google во оваа фаза сака да ја види реакцијата на програмерите и дизајнерите, па во соработка со нив да види дали и во каква форма би го вовел ова.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПланетата Меркур вчера помина „преку сонцето“ овозможувајќи интересна глетка од Земјата
Следна статијаFacebook ќе овозможи исклучување на црвените точки за известувања кои ги има на иконите на горната лента
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.