Вашиот дом го заслужува најдоброто, а во моментов тоа се апарати за домаќинство кои имаат вградена вештачка интелигенција во своите функции. Во морето од апарати за домаќинството треба да внимавате и на бројни детали, почнувајќи од функционалноста, па се до самиот дизајн кој одлично би се вклопил во вашиот ентериер. Затоа, доколку размислувате за опремување на вашиот животен простор со висококвалитетни уреди кои ќе ви олеснат бројни секојдневни активности во домаќинството, иновативните домашни апарати на Samsung се идеалниот избор за вас.

Што ви нуди Samsung Bespoke екосистемот? Да започнеме од кујната:

Секоја просторија треба да е совршено стилизирана, а една од најважните во нашиот дом секако е кујната и нејзиниот најголем и највпечатлив апарат – фрижидерот. Дизајнот на фрижидерите Samsung Bespoke е на секој начин привлечен и посебен и заслужено ја носи титулата безвременски дизајн! Но беспрекорниот дизајн не е единственото нешто кое го прави Bespoke фрижидерот посебен, туку и можностите самите да го модулирате вашиот ладилник според димензиите и потребите на вашата кујна, а неговата технолошка иновација ќе ви го направи животот полесен. Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро од останатите и затоа ви се овозможени две температурни зони, а фиоката Humidity Fresh + е тука да ја одржи совршената влажност. Функцијата All Around Cooling ви овозможува рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, а за одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација.

Еднакво привлечниот дизајн и новите технологии при готвењето ги добивате со Bespoke рерната со која имате можности да готвите и перете истовремено со помош на Dual Cook Steam функцијата, да готвите во две посебни зони од рерната со Dual Cook Flex како да имате две посебни рерни кога тоа ви е потребно, да пржите на воздух со Air Fry и со тоа да консумирате поздрава храна. Воедно, не треба да се грижите ниту за количината на храната која можете да ја зготвите, бидејќи оваа рерна има капацитет од 76 литри. Кога зборуваме веќе за храна, за нејзино подготвување можете да ја користите апликацијата Samsung Food која ви овозможува брз увид во бројни вкусни рецепти на вашиот телефон, како и планер за вашите оброци, намирници кои треба да ги набавите и опција да споделувате рецепти. Со Samsung Food готвењето ќе го доживеете како игра и забава и ќе бидете многу поинспирирани за оваа активност секој ден. Покрај функционалноста, рерната се карактеризира со модернизиран дизајн со елегантна контролна табла со LCD дисплеј од 4,3 инчи, контроли чувствителни на допир и само едно копче. Врз основа на шемите на користење, екранот ги прикажува најчесто користените опции, кои може брзо да се изберат.

Ново ниво на чистота и хигиена во вашиот дом

Кога зборуваме за беспрекорна чистота, тука e и машината за перење на алишта со вештачка интелигенција, со кои вашата облека ќе сјае. Со иновативната технологија Ecobuble, можете да имате машина која ќе користи ладна вода и без замерка темелно ќе ги пере вашите алишта, додека вештачката интелигенција ќе пресметува колку прашок е доволен имајќи предвид колку вашите парчиња се валкани. Со сите овие паметни функции, добивате апарат кој ќе заштедува вода, детергент и енергија, кој на вашите ткаенини ќе им овозможува подобра нега до 45,5%, и сето тоа овозможено за перење со поголем капацитет до 11 кг. Едноставниот и рамен дизајн совршено ќе се вклопи со вашиот модерен ентериер,  а вие ќе можете да уживате во врвната ефикасност со помалку бучава и долготрајните резултати од вашата Bespoke машина за перење алишта. SpaceMax™ ви овозможува да добиете повеќе простор внатре, за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина. Водени од вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи оваа машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings исто така обезбедува програмски совети, креира планови и решава проблеми.

Новите технологии донесоа револуција и кај правосмукалките – уред без кој не може да се замисли ниту еден дом. Samsung – виртуозот за апарати за домаќинството и бела техника во својата линија Bespoke Home ја додаде и новата Bespoke Jet™ AI стик правосмукалка, како најнов и надграден член на семејството Jet правосмукалки

Она што на прва ќе ве плени е нејзиниот совршен дизајн да изгледа како стилски дел од ентериерот, како и иновативното решение за вградена вештачка интелигенција која овозможува анализирање и одредување на типот на подот, а со тоа и максимална ефикасност во нејзината улога за оставање зад себе беспрекорно чисти површини. Безжичната стик правосмукалка има моќна, заменлива батерија, која без престан ќе ве служи до 100 минути, додека пак моќниот, а лесен HexaJet Motor поседува иновативен дизајн и го оптимизира протокот на воздухот и ефикасноста, Кога на ова ќе се додаде моќноста на вакуумскиот мотор со вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 730 W, добивате „чудо“ од правосмукалка, со која ќе кажете збогум на долгите и здодевни чистења на домот.

Благодарение на вградената вештачка интелигенција самиот уред го детектира типот на подот, односно на површината која ја чистите и следствено за тоа можете да користите соодветна четка со ВИ режим: четка Active Dual, тенка четка Led Brush+, прскачки ротирачки чистач со двојни влажни микрофибер подлоги, како и додаток за миленици Pet Tool+, оптимизиран да ги собере и најситните влакна.  

Но, не е само ВИ најдобриот адут на правосмукалката Bespoke Jet™ AI, туку тука е и нејзината улога насочена кон создавање на хигиенски чисто опкружување благодарение на надградената All-in-One Clean Station™ што користи технологија Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прав. Дополнително, има автоматско затворање на капакот по секое одложување со повеќеслоен систем на филтрација за собирање и на најситните честички од прашина.

И како круна на сé, преку апликацијата SmartThings, Smart Wi-Fi овозможено е да се приспособуваат и да се управува со функциите и поставките на правосмукалката, да се следи и да се известува за работата на уредот, како и да се советува за употреба на програм кој заштедува енергија. Сето тоа можете да го правите од вашиот нов мобилен телефон од серија Galaxy S24, и не само за вашата правосмукалка, туку да го следите и управувате со работењето и на машината за перење алишта, рерната, фрижидерот и др.  

Повеќе информации за Bespoke апаратите за домаќинството, можете да прочитате на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/

https://www.samsung.com/mk/support/model/NV7B6795JAK/U3/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/all-refrigerators/?bespoke

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww9400b-front-loading-ai-ecobubble-ai-wash-bespoke-design-with-space-max-11kg-white-ww11bb944dghs7/

Претходна статијаThe Brewintosh е копија од Macintosh компјутер целосно направена со 3D отпечатени делови
Следна статијаТехнолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Македонија со отворање на Тренинг центар