Заштитете ги вашите податоци лесно, сигурно и ефикасно со само едно интегрирано решение

Acronis – гигантот за сајбер-заштита, обезбедува интегрирани решенија за сајбер-заштита кои од неодамна се достапни на македонскиот пазар

Заштитата на податоци никогаш не била поважна. Бизнисите постојано се соочуваат со сајбер-закани кои доколку не се сфатат сериозно може да предизвикаат големи проблеми кои често водат до целосно затварање на организациите. Надминувањето на растечката сложеност на ИТ-инфраструктурите и денешните сајбер-напади бараат сеопфатно резервно решение за да останат податоците безбедни. За ефективна заштита на критичните податоци, резервната копија не е доволна – потребен е интегриран пристап за сајбер-заштита.

Како да го направите тоа?

Acronis – гигантот за сајбер-заштита, обезбедува интегрирани решенија за сајбер-заштита кои од неодамна се достапни на македонскиот пазар. Едно од тие решенија е и Acronis Cyber Backup кое интегрира резервна копија со напредни рансомвер технологии за да ги заштити вашите податоци од било каква закана.

Зошто да одберете Acronis Cyber Backup?

  • Заштитува податоци на над 20 платформи – во физичка, виртуелна или мобилна средина.
  • Брзо и сигурно закрепнување -обезбедува брзо и сигурно враќање на апликации, системи и податоци на кој било уред од секаков вид на сајбер напад.
  • Безбедна рансомвер заштита -ги заштитува податоците со вградена MI-based рансомвер заштита и блокчејн нотаризација.

Со ова решение лесно може да направите резервна копија на поединечни датотеки или да го заштитите целиот ваш бизнис со правење резервна копија на целиот систем како една датотека, обезбедувајќи можност за обновување во целост. Во случај на катастрофа, сите податоци можете лесно да ги вратите на нов хардвер.

Исто така обезбедува континуирана заштита на податоците, преку дефинирање листа на критични апликации што често се користат. Агентот на Acronis ја следи секоја промена направена во наведените апликации – без разлика каде корисникот ја зачувува датотеката – и постојано прави резервна копија. Ако е потребно системот повторно да се префрли, можете да ги вратите податоците од резервната копија и да ги ажурирате најновите промени, за да не се изгуби ниту една информација.

Што добивате со Acronis Cyber Backup?

  • Флексибилно складирање на податоци
  • Миграција од било кој кон било кој систем (Any-to-any migration)
  • Acronis Universal Restore
  • Acronis Instant Restore
  • Дедупликација со променлива големина на блок
  • Заштита на податоците на над 20 платформи
  • Следење на здравјето на дискот
  • Скенирање на резервни копии против малициозен софтвер
  • Безбедно закрепнување
  • Мапа за заштита на податоците
  • Список на дозволени апликации врз основа на содржината на резервните копии
  • Собирање на форензички податоци
  • Tape Multiplexing
  • Tape Multistreaming

Сите решенија од Acronis кои се достапни на нашиот пазар може да ги погледнете тука.

Дистрибутер на глобалниот лидер во сајбер-заштита Acronis во неколку земји од регионот – Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија (за сите производи и услуги од портфолиото на Acronis) и Бугарија (за cloud услуги) е компанијата Аитоникс. За повеќе информации во врска со решенијата од Acronis контактирајте го продажниот тим во Аитоникс, јавете се на +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk

Претходна статијаSkype на мобилните добива нов редизајн со освежен изглед
Следна статијаSamsung Electronics ја доби наградата SEAL за одржлив бизнис за изминатата година