Доколку изминатите месеци имате забележано нов изглед на „плеерот“, односно контролите на YouTube, кои повремено се менуваат, сега овие промени ќе бидат официјално пуштени за сите корисници.
YouTube добива нов дизајн на нивниот „плеер“, а може да се каже дека истиот до некаде потсетува на новиот „стаклен“ дизајн, тренд кој како и обично го започна Apple.
Промените не се драстични, затоа што се однесуваат само на контролите при гледање на видеа, но сепак се доволно големи за да се забележат, а и да привлечат очекувани критики од одреден процент од корисниците.
Промените доаѓаат на сите платформи каде што е достапен сервисот, односно на мобилните апликации, на веб, како и на телевизорите. Пуштањето е веќе започнато за сите корисници, што значи дека дел од вас можеби веќе и ги имаат добиено новините.
Од Google истакнуваат дека новиот дизајн овозможува почисто искуство при гледање кое овозможува и поголемо внесување во содржината.
Може да се забележи дека тргната е едната лента на долна страна која сега е заменета со посебни делови зад секој елемент од „плеерот“. Променети се и иконите, а тоа е доста очигледно, како и анимациите при нивнот притискање.
Покрај оваа промена, YouTube добива промена и на анимацијата при брзо премотување на видеата со двојно притискање, одредени видеа добиваат посебни анимации при нивно „лајкување“, подобрување има и при зачувување на видеата, а тука е и подобрената структура на коментарите и нивните одговори.