На презентација која е достапна преку X, Елон Маск ја претстави наредната генерација од големиот јазичен модел, Grok 4. Ова како што е познато е конкуренцијата на моделите од OpenAI, Google и другите, од xAI, компанијата зад која стои Маск. 

Во негов класичен стил, Маск го најави Grok 4 како најпаметниот јазичен модел на пазарот, а според него тој веќе го надминува нивото на студент со докторат во било која област. 

За тренирање на Grok 4 е користена многу поголема компјутерска моќ, односно многу повеќе ресурси и посилни компјутери. 

Grok 4 е мултимодален јазичен модел, што значи дека може да функционира со текст, слики и видеа, без потреба од користење на посебно развиени модели. 

Подоцна во годината планирано е претставување на дополнителни модели под Grok 4 кои ќе бидат специјализирани за програмирање и генерирање на видеа. 

Grok 4 треба да им конкурира на сѐ уште непретставените наредните генерации од јазичните модели од OpenAI, како GPT-5, односно Claude 4 Opus од Anthropic. 

Целата презентација на Grok 4 можете да ја погледнете во продолжение. 

Претходна статијаСтриминг сервисот Max преименуван во HBO Max 
Следна статијаPerplexity официјално го претстави нивниот интернет прелистувач Comet
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.