Главниот бизнис на Microsoft отсекогаш бил Windows, кој што го лиценцира на разни производители на компјутери и други уреди. Меѓутоа многу години се поминати кога тие беа главниот играч на пазарот, а десктоп и лаптоп компјутерите беа главните производи кои што корисниците скоро без исклучок ги купуваа. Денес се повеќе корисници се одлучуваат за некој од големиот број на достапни таблет компјутери, а бројката на PC-ја опаѓа до одреден степен. Google кој што ги нуди своите оперативни системи бесплатно за производителите, а и за секој друг кој што доволно се разбира, овозможи продажба на уреди кои што се со доста пониски цени, па тоа дополнително стави притисок на продажбата на производите со Windows оперативниот систем. Иако Microsoft има уште неколку други производи и сервиси, како Office пакетот, OneDrive и слично, сепак Windows останува голем дел кој што не можат да го запостават.

windows-free-version

Веќе имаше гласини дека во Microsoft планираат намалување на цената по која што го лиценцираат Windows на производителите за нивните уреди кои што се продаваат под 250 долари. Овие гласини испаднаа точни, но она што навистина испадна е и уште повеќе од очекуваното. Microsoft нема да ја намали цената до одреден степен, туку целосно ќе го направи бесплатен Windows за производителите за нивните уреди кои што се помали од 9 инчи. Ова значи дека лиценцирањето на овој оперативен систем веќе нема ништо да чини за производителите кои што ќе сакаат да претстават Windows Phone уред, како и таблет компјутер со Windows 8 кој што не е поголем од 9 инчи. Исто така Windows ќе биде бесплатен за вклучување на разни уреди дел од Internet of Things.

Претходна статијаВидео од презентациите на првиот ден од Microsoft Build 2014
Следна статијаКако ќе изгледа новиот USB кабел кој што ќе може да се приклучи од било која страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.