Фото: Microsoft

Microsoft официјално најави дека најновата верзија од Windows 11, 25H2, станува достапна во Release Preview каналот од Windows Insider програмата. Со ова во основа се информира дека развојот на надградбата е завршен, па освен некоја мала измена, ова е верзијата која ќе им биде пуштена на сите корисници, околу октомври. 

За жал, оваа година надградбата нема да донесе скоро ништо ново за корисниците, па единствено што останува е да се надеваме дека во месеците што следат Microsoft ќе ја активира некоја од новите функции кои се најавуваа изминатиот период. 

Како и да е, дури и од тие новини за кои можевме да читаме, нема ништо толку големо и посебно, па може да се каже дека оваа година Windows 11 повеќе ќе добие „пеглање“ на грешките во кодот, перформансите и слично. 

Во објавата за достапноста на Windows 11 25H2 Microsoft објави дека надградбата е направена на иста основа како 24H2, што значи дека корисниците можат да очекуваат доста брз процес на инсталација. 

Исто така, оваа верзија ќе тргне две функции од Windows 11, односно PowerShell 2.0 и Windows Management Instrumentation command-line. 

За бизнисите, Windows 11 25H2 ја донесува можноста за бришење на одредени апликации кои се пред инсталирани од страна на Microsoft. 

Надградбата може да се очекува некаде во октомври, а ќе видиме во меѓувреме дали може да се очекуваат некои дополнителни новини. 

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаРСБСП: Почетокот на учебната година е нашиот повик „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
Следна статијаMicrosoft претстави два нови јазични модели развиени целосно од компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.