Countdown-to-Windows-10-Familiarity

Microsoft вчера пушти нова Preview верзија од Windows 10 за корисниците на Windows Insider програмата. Оваа програма продолжи и по претставувањето на финалната верзија од оперативниот систем на 29-ти јули и со тоа се продолжи развојот со директна помош од корисниците.

Најновата Insider Preview верзија го носи бројот 10565 и за разлика од претходните доаѓа со низа новости. Верзијата е достапна за корисниците на Fast прстенот на надградби и можат да ја инсталираат како и претходните преку Windows Update функцијата.

Главната новина во оваа верзија е конечното претставување на Messaging апликацијата која што ќе претставува една интегрирана апликација преку која што корисниците ќе можат да комуницираат преку SMS и Skype. Истата овозможува пораки, како и аудио и видео повици.

На Windows 10 Mobile оваа апликација веќе одреден период е достапна во Preview верзија, а од пред неколку дена и во официјалната Messaging апликација.

Фото: The Verge
Фото: The Verge

Изгледот е ист како и на мобилната верзија, се разбира прилагоден за поголемите екрани. Истиот е прилично едноставен и основен. На десната страна се прикажани разговорите, односно луѓето со кои што разговарате со нивна слика во кружна форма. Од десната страна се прикажани пораките, односно конкретната комуникација.

Со оваа апликација Microsoft сака да воведе начин на комуникација каков што имаат конкурентите, односно како Hangouts на Android и iMessage на iOS и OS X. Новата Messaging дури овозможува внесување на вашиот телефонски број со што ви овозможува комуникација со Skype корисници кои што не се во вашата листа на пријатели.

Во оваа верзија достапни се уште неколку новини. Тие ги вклучуваат следните:

  • Можност за preview на веб страните во посебните табови на Edge со едноставно поминување со курсорот врз нив
  • Синхронизација на омилените страни и листата за читање со повеќе уреди
  • Подобрувања на Cortana кои вклучуваат препознавање на ракопис (inking), како и дополнителни можности за известувања врз основа на настани од email пораките
  • Боја на горниот дел од прозорите која што е иста со бојата на темата која што ја користите
  • Подобрување на контекст менијата во Старт менито
  • Нови икони
  • Полесно активирање на Windows 10 со внесување на сериските броеви од вашиот Windows 7, 8 или 1

tab-preview

start-context-menus

dark-titlebar

Сите промени кои што до сега беа претставени во Insider Preview верзиите се очекува да бидат достапни за сите корисници оваа година. Точна дата се’ уште не е објавена, меѓутоа се очекува тоа да не биде подоцна од крајот на ноември.

Една од најголемите функции која што корисниците ја очекуваат е поддршката за додатоци на Edge прелистувачот. Иако оваа можност не е додадена во новиот build, сепак е најавена за оваа година, па може да се очекува во некоја од наредните верзии.

Извор: Microsoft, The Verge

Претходна статијаArchos GranitePhone е целосно енкриптиран телефон за загрижените од шпионажа
Следна статијаAcer лансира нов пренослив „Се во Едно“ компјутер со вградена батерија!
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.