Полека се приближуваме кон летото, топлите пролетни денови и сонцето нè потсетуваат дека е крајно време е да го разбудиме телото, да заборавиме на мрзеливоста и да започнеме со тренинзите кои секогаш ги одложувавме за „од понеделник“ . Здравјето и физичкиот изглед се двете најчести причини поради кои се занимаваме со спортски активности, а мотивацијата често недостасува. За да ја зајакнеме и одржуваме може да ни помогне новата, модерна технологија.

Врвните карактеристики на уредот што ги мери нашите чекори, отчукувањата на срцето, па дури и нивото на стрес се наоѓаат во гаџетите кои се дел од екосистемот на Samsung, а една од нив, која може да биде ваш асистент за вежбање, се разбира е најдобриот Samsung Galaxy Watch4.

Овој паметен часовник има сензор BioActive 3 во 1, кој со неколку кликања за време на тренингот доставува информации за потрошените калории, карактеристиките на масата на скелетните мускули, стапката на базичен метаболизам, процентот на вода и масти во телото. Една од многуте функции, кои заедно дејствуваат како личен тренер, е функцијата Sleep Scores, која открива ‘рчење за време на спиењето, го следи нивото на кислород во крвта и испраќа детални информации преку извештајот на Националната фондација за спиење. Ова е уште една димензија на современото следење на здравјето и водење на здрав живот.

Сепак, вистинската магија во која можете бесконечно да уживате се случува кога ќе го поврзете Watch4 со вашиот мобилен телефон. Без разлика дали го сакате Galaxy Z Flip3 5G или Galaxy Z Fold3 5G, двата модели можат да се конектираат со часовникот Watch4 и да го создадат искуството кое го заслужувате!

Доколку сте љубители на спортот, но истовремено имате и уметнички порив, одличен избор е телефонот Galaxy Z Flip3 5G кој на својот AMOLED 1,9 инчен екран ќе ви ги прикаже сите важни информации како пропуштени повици, примени пораки и известувања, часовник, но и други информации поврзани со здравје или распоред на активности. З време на тренингот пак користете го режимот Flex за да направите прекрасни фотографии кои ќе го „доловат“ секој ваш потег. Исто така, со помош на интерфејсот на предниот екран Cover Screen, со опцијата Quick Shot, може да снимите видео од целиот тренинг, без разлика дали телефонот е расклопен, преклопен на половина или целосно преклопен.

За оние кои телефонот го користат како компјутер, Galaxy Z Fold3 5G автоматски се „претвора“ во личен асистент и се прилагодува на својот корисник. Flex режимот на овој телефон овозможува максимална продуктивност и мултитаскинг, а Multi-Active Window, со кој овој телефон може да отвори дури три апликации истовремено, нуди сосема ново корисничко искуство. Исто така, горниот екран овозможува можност за приклучување на видео повик додека во исто време е отворена страница со документи или белешки на долниот дел, а ваквиот начин на работа не само што ќе ги олесни деловните обврски и задачи, туку ќе заштеди и време. Меѓутоа, доколку сакате да ја разбудите вашата енергија во работното време со мини тренинг, кога ќе го поврзете вашиот Watch4 со моделот Fold3, нема да пропуштите ниту една важна деловна информација бидејќи ќе ги добивате сите пораки и повици на вашата рака.

Кога сте целосно опремени со технологија која ќе работи за вас, сигурно е дека повеќе нема да ви треба дополнителнa мотивација. Одлучете се за еден од двата модели на телефони од серијата Z, Z Flip3 5G или Z Fold3 5G, ставете го на рака вашиот нов, омилен  додаток, Watch4 и уживајте во светот на Samsung.

Повеќе информации за секој од овие уреди може да најдете на следниве линкови:

Galaxy Z Flip3 5G https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip3-5g/

Galaxy Z Fold3 5G: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold3-5g/

Galaxy Watch4: https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch4-silver-bt-sm-r870nzsaeuf/

Претходна статијаЗагреј се за Европското првенство во танци 2022 со Џубокс во Ист Гејт Мол
Следна статијаГраѓаните се вклучуваат во креирање на Националната развојна стратегија од својот мобилен телефон или лаптоп