The Trump Organization во текот на вчерашниот ден објави дека влегува во бизнисот на мобилните оператори. Заедно со оваа најава од компанијата објавија дека претставуваат и смартфон кој наводно е произведен во САД, нешто кое претседателот Трамп доста го промовира за останатите компании.
Trump Mobile е името на мобилниот оператор и корисниците ќе можат да изберат само еден пакет наречен The 47 Plan, име кое се однесува на тоа кој претседател по ред е Трамп, а корисниците ќе ги чини 47,45 долари.
Пакетот се промовира како пакет кој ќе вклучува неограничени разговори и пораки, како и 5G интернет достапен во целата земја, а достапни ќе бидат и меѓународни разговори.

Телефонот којшто ќе стане достапен е наречен Т1 Phone, а за него се истакнува дека е произведен во САД. Т1 ќе има 6,8 инчен AMOLED екран, 12GB RAM, главна камера со 50 мегапиксели, како и уште две камери со по 2 мегапиксели, како и батерија со 5.000 mAh.
Тоа што е интересно е што Trump Mobile сепак е виртуелен оператор, што значи дека не се гради и користи целосно нова мрежа низ САД, па се користи мрежата од постојните три оператори во земјата.
Исто така, Т1 телефонот кој треба да е произведен во САД наводно е доста поевтин Androdi смартфон кој е произведен во Кина и е дел од понудата на T-Mobile во САД.