Shutterstock.com

По информацијата дека ByteDance ја имаат одбиено понудата на Microsoft за купување на TikTok, остана неофицијалната информација дека преговорите остануваат со Oracle. Затоа што не дојде до официјален договор со било која компанија, TikTok требаше дека биде забранет во САД почнувајќи од недела, односно од вчера, а заедно со оваа апликација, забранета требаше да биде и WeChat.

До забраните не дојде, а причината за тоа е различна кај двата сервиси. Кај WeChat се работи за судска одлука која не ја дозволува забраната, барем до завршување на судски процес почнат од страна на корисници на WeChat.

Во случајот со TikTok ситуацијата е поразлична. Забраната е одложена за една недела, а причината за тоа е најавата дека ByteDance ќе постигне договор со Oracle и Walmart, а и претседателот Трамп излезе со делумно одобрување на тој договор.

Официјални информации дека е постигнат договор и што тој вклучува уште нема, па остануваат само неофицијалните. Според нив треба да биде формирана нова компанија TikTok Global која ќе остане во сопственост на ByteDance, односно оваа компанија чиј е сервисот ќе задржи 80% удел во новата компанија.

Oracle и Walmart ќе бидат само инвеститори кои ќе управуваат со податоците за американските корисници, односно тие ќе бидат лоцирани во САД и на нивни сервери.

Технологијата на TikTok, односно алгоритмите кои беа забранети за извоз од страна на кинеските власти, остануваат во сопственост на ByteDance, па може да се каже дека на крајот се дојде до решение кое би требало да ги задоволи сите страни.

Оваа недела се очекуваат повеќе информации, а до тогаш TikTok продолжува да функционира со својот огромен број на корисници, поради што и се случува целата оваа работа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаYouTube ја пушти првата бета верзија од нивниот TikTok конкурент YouTube Shorts
Следна статијаИнтервју: Милица Весовиќ Денковска, Филип Морис Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.