Со огромно задоволство го најавуваме првиот Tech Insights настан во живо, во организација на Women in Tech Macedonia, Kin + Carta & Europe House Skopje. Придружете ни се на 19ти октомври во просториите на Europe House Skopje со почеток од 18:30 часот и искористете ја можноста да се запознаете со две важни теми што се однесуваат на програмирањето и тестирањето на продукти. Повеќе за настанот на следниот линк: https://fb.me/e/fkXRTx14b.

Влезот е апсолутно бесплатен и секој кој се интересира за овие теми е добредојден. Бројот на присутни е ограничен, па побрзајте да го резервирате своето место.

Говорниците ќе разговараат за следниве две теми:

ТЕМА 1: “Програмирање без QA – Искористување на можностите и соочување со предизвиците”. Во овој дел од настанот, ќе се разговара за начините на кои програмерите можат да работат и со развиваат софтвер без директно вклучување на Quality Assurance (QA) тимовите. Своите искуства и експертиза ќе ги споделат Биљана Цветковска, дел од JS тимот во Kin + Carta, како full stack js developer од 2016та година, и Иван Трајковски, Javascript Developer во Kin + Carta со повеќе од 3 години искуство.

ТЕМА 2: “Предноста на тестирањето при развој на продукт”. Втората тема се фокусира на важноста на тестирањето во развојот на софтверски продукти. На темата ќе зборуваат Александра Петровска 3 години дел од QA тимот во Kin + Carta како софтвер тестер. Говорничката ќе ги сподели предностите на квалитетното тестирање и како тоа може да допринесе за подобрување на квалитетот на продуктите.

Women in Tech Macedonia, Kin + Carta и Europe House Skopje се горди што го организираат овој настан и ги покануваат сите заинтересирани да ни се придружат на 19ти октомври. Ви ветуваме интересни дискусии, вредни искуства и можност за запознавање со врвни професионалци од индустријата.

Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech Macedonia, приклучете се кон заедницата тука.

Претходна статијаПодоброто ментално здравје започнува со подобро разбирање
Следна статијаТИРЗ со нова програма за поддршка на средношколците