Скопје, 10 октомври 2023 г. – Колку добро го познавате вашиот ум? Дали наоѓате време да проверите како се чувствувате – и во телото и во умот? За многумина, одговорите на овие прашања можеби не се позитивни, па затоа Светскиот ден на менталното здравје е важен потсетник дека треба да се грижиме за нашето ментално здравје на ист начин како што тоа го правиме за нашето физичко здравје. Според Светската здравствена организација (СЗО), 1 од секои 8 лица во светот живее со ментално нарушување.  

Менталните здравствени состојби се присутни низ целиот свет, но поради нашиот бурен секојдневен живот, честопати ги занемаруваме и игнорираме. Иако се честа појава, симптомите може да се занемаруваат кога луѓето не се свесни за состојбата на своето ментално здравје, па дури и да се игнорираат кога тие ќе станат очигледни, што доведува до тивко страдање.

Меѓутоа, сè повеќе луѓе ширум светот почнаа да ја сфаќаат важноста на свесноста за менталното здравје, а потребата за подобро разбирање на менталната благосостојба и практични начини за нејзино секојдневно следење се зголемува. Затоа, како дел од својата тековна работа за проширување на функционалноста и придобивките од своите уреди за носење, Самсунг во соработка со Општата болница во Масачусетс (MGH), придружна болница на Медицинскиот факултет при универзитетот Харвард, ќе работи на зголемување на можностите на уредите за носење кога се работи за податоци за менталното здравје.

Како компанија посветена на обезбедување потемелен увид во сеопфатната благосостојба на корисниците, Samsung верува дека „wearable“ уредите, како што е Galaxy Watch, можат да бидат корисни за зголемување на свесноста за менталното здравје. Уредите за носење нè придружуваат во текот на денот и може да имаат потенцијал да им помогнат на корисниците подобро да ја разберат состојбата на своето ментално здравје врз основа на физички мерења.

Самсунг и експертите од одделот за психијатрија во Општата болница во Масачусетс соработуваат за да спроведат студија со помош на Galaxy Watch со која ќе ја разберат врската помеѓу факторите како што се: спиењето, физичката активност, пулсот, варијабилноста на пулсот, дневните рутини и состојбата на менталното здравје на корисникот. Во студијата, истражувачите ќе ги анализираат податоците од часовниците на учесниците за да разберат на кој начин паметните часовници може да се користат како ефикасна и удобна алатка за следење на менталното здравје на поединецот.

„Оваа студија е одличен пример за посветеноста на Samsung за обезбедување нови алатки за следење на здравјето на корисниците на Galaxy уредите за носење во светот обозможувајќи добра ментална и физичка благосостојба“, рече Хон Пак, потпретседател и шеф на тимот за дигитално здравје, MX Business во Samsung Electronics. „Преку соработката со Општата болница во Масачусетс, наша цел е да ги поттикнеме корисниците подобро да ја разберат својата ментална благосостојба и да им дадеме поцелосна слика за нивното сеопфатно здравје, вклучувајќи ги умот и телото“.

Samsung ја предводи следната ера на дигитално следење на здравјето со напредни сензори, вклучувајќи го и револуционерниот сензор Samsung BioActive. Со докажана историја на тесна соработка со лидери во индустријата, Samsung заедно со Општата болница во Масачусетс ќе истражува нови технологии, кои обезбедуваат проширени функции за увид во менталното здравје, изградени врз основа на екосистемот за здравствени карактеристики на Samsung, со цел да се создадат нови можности за следење на благосостојбата.

„Нашиот проект со Samsung има потенцијал да им даде на корисниците подобрено разбирање за нивното ментално здравје преку податоците од паметните часовници“, рече д-р Аманда Бејкер, директор на Центарот за анксиозност и трауматски стресни нарушувања во Општата болница во Масачусетс. „Животот со стрес е секојдневен предизвик за многумина, па ние се надеваме дека нашата соработка со Samsung ќе им понуди на луѓето подлабока перспектива за нивната ментална благосостојба на дневна основа“.

Претходна статијаMicrosoft се откажа од примената на новиот начин на броење на сликите во OneDrive
Следна статијаTech Insights: Поттикнување на дигитална експертиза – Навигација на проекти со и без тестирање