Многу обожаватели на подвижните слики во светот тврдат дека златната ера на Холивуд е време кога навистина се снимале филмови. Меѓутоа, во време кога немало компјутерска графика и осум до деветцифрени буџети за да се создаде еден филм, филмаџиите морале да бидат креативни за да го доловат саканиот кадар.

Благодарение на Imgur, на располагање имаме колекција од гифчиња на кои се објаснува како некои од славните специјални ефекти биле изработени во немите филмови. Неверојатно, а толку едноставно (гледано од модерна гледна точка :) )

Висењето од часовникот во Safety Last (1923)

Кога го снимале Safety First, не било изводливо да се користи зелено платно или лажна позадина за славната сцена со часовникот, па затоа се користеле со трикот на перспектива. Сетот го поставувале на покрив од зграда над улицата; колку повисок бил кадарот, толку повисоко го качувале сетот.

Чарли Чаплин во стоковната куќа во Modern Times (1936)

Чарли Чаплин е познат по вратоломиите во неговите филмови, но не е сé така како што изгледа. Оваа сцена е одличен пример за т.н. glass matte painting техника. Пред камерата е поставувано стакло на кое е исцртан дел од позадината, кој со помош на филмска магија станува дел од целината!

Трикот со очите во Ella Cinders (1926)

Оваа сцена во модерната верзија на Пепелашка е втор одличен пример за glass matte painting. Двете половини од лицето на актерката се снимани одвоено, со тоа што парче мат стакло обоено со црна боја е поставувано пред објективот, така што само едната страна била осветлена. После лентата се премотувала и парчето стакло го ставале на другата страна. Тука било многу важно да не се поместат ниту камерата ниту актерката за време на снимањето.

Бакнежот во Little Lord Fauntleroy (1921)

 

Ова не е прв пат публиката да ја види истата актерка два пати во еден кадар. Децении претходно, францускиот илузионист и филмски режисер Жорж Мелие нашол начин како да се појави во кадар повеќе пати со помош на мат стакло и двојна експозиција. Но во обична двојна експозиција не било возможно актерот да се помести во кадарот без да биде уништен ефектот. За таа цел, режисерот на Little Lord Fauntleroy употребил силуета од актерката нацртана на мат стакло, додека камерата била поставена на метален постулат за да не мрда. Потребни биле 15 часа за да правилно се сними овој кадар од само 3 секунди.

 

Исус ги лечи лепрозните во Ben Hur (1925)

 

Славниот кинематограф Карл Штрус развил техника на филтри во боја да го постигне офој ефект. Со прилагодување на филтрите, исчезнува шминката на актерките и тие се излечени!

Истата техника Штрус ја искористил во Dr. Jekyll and Mr. Hyde во 1931, само во обратна конотација.

 

Се надевам се согласувате дека ова биле вистинските волшебници! Секоја им чест!

Претходна статијаНовите фарови на Audi не се дозволени во САД
Следна статијаКнига во секој дом – Младите автори ќе се дружат со читателите од 20-ти до 31-ви јануари