MWC 2020 саемот за мобилни и технологија требаше да започне денес, а како и секоја година на овој саем ќе ги видевме најновите уреди на кои работат компаниите во светот, како и технологии поврзани со овој пазар.

За жал, саемот беше откажан по откажувањето на учеството на повеќе компании поради Коронавирусот, па остана компаниите на посебни настани да ги претстават своите производи.

Sony денес претстави два нови телефони од Xperia серијата, еден од високата и еден од средната класа. Овие два телефони на Sony доаѓаат со карактеристики кои би требало да го привлечат вниманието на купувачите на страна од телефоните кои во денешно време ги држат првите неколку места на пазарот.

Sony Xperia 1 II е телефонот од високата класа и покрај навистина лошото име, тој доаѓа со одлични карактеристики.

Овој телефон доаѓа со 6,5 инчен OLED HDR екран со висока 4K резолуција. Ова може да се каже дека ќе биде и еден од главните адути на телефонот со оглед на тоа што најпродаваните телефони од високата класа секогаш имаат екрани кои тешко може да се најдат кај другите.

На задната страна Xperia 1 II доаѓа со три камери со по 12 мегапиксели, како и сензор за длабочина, додека на предната страна е поставена камера со 8 мегапиксели. Можеби овие камера вака не оставаат некој посебен впечаток, но од Sony истакнуваат дека тие доаѓаат со посебни можности кои се карактеристични за овој телефон.

Телефонот работи на најновиот Snapdragon 865, има 8GB RAM меморија, како и поддршка за 5G мрежите.

Xperia 10 II исто така главниот акцент го става на екранот, кој е со големина од 6 инчи и е направен исто така во OLED технологијата. Од Sony посебно ја истакнуваат способноста на овој екран да ги прикажува црните бои, а со тоа го истакнуваат и искуството за гледање на видео содржина.

Овој модел исто така на задната страна има три камери и работи на Snapdragon 665 со 4GB RAM меморија.

Претходна статијаGoogle не препорачува инсталирање на нивните апликации на уредите од Huawei
Следна статијаHuawei го претстави новото портфолио 5G производи, дел од стратегијата „Seamless AI Life“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.