Скопје, јули 2025 — По три децении успешно постоење, лидерство и иновации во областа на едукацијата и професионалниот развој, Семос Едукација гордо ја најавува прославата на својот 30-ти јубилеј со ново лого и целосно нов визуелен идентитет.
Оваа значајна промена претставува повеќе од ново лого и нови визуелни елементи – тоа е одраз на еволуцијата на компанијата, нејзината подготвеност за иднината и амбицијата да продолжи да биде движечка сила на дигиталната трансформација во регионот. Новото лого, инспирирано од формата на буквата „С“ и спиралните скали, ја симболизира постојаната еволуција, личниот и професионалниот раст, и патот на учење каде секој чекор води до нови можности.

„30 години не се само бројка – тие се приказна за доверба, квалитет и постојана иновација. Со новиот визуелен идентитет, сакаме да ја пренесеме нашата визија за иднината на учењето – поинтерактивно, поприлагодено и поблиску до реалните потреби на луѓето и компаниите. Сето тоа е во насока на креирање уште поголема вредност за учениците, студентите, професионалците и бизнис заедницата.“, изјави Валентина Тасева, сопственичка и генерална директорка на Семос Едукација.
Во фокусот остануваат мисијата и вредностите кои не се менуваат: да се споделува знаење, да се поттикнува раст и да се создава иднина преку едукација почитувајќи ги луѓето, иновативноста, креативноста и етичноста.
Процесот на целосно ребрендирање е во тек, и е долг и комплексен. Повеќе детали за новиот идентитет и јубилејни активности ќе бидат објавени наскоро.