За следниот месец се очекува претставувањето на наредната генерација од паметните часовници од Samsung, а набрзо после тоа и пуштањето наредните генерации од оперативните системи од компанијата.
Samsung најави неколку новини кои ќе дојдат со One UI 8 Watch кои се очекувано поврзани со здравствените мерења, а кои ќе ги направат часовниците од компанијата доста попривлечни за корисниците.
Првата новина е наречена „Bedtime Guidance“, а истата го анализира спиењето на корисникот и му препорачува кога е најдобро да легне да спие.
„Vascular Load“ исто така ги прави своите мерења за време на спиењето на корисникот, а во овој случај ја мери работата на срцето. Корисниците добиваат информација за колку нивниот васкуларен систем е оптоварен за време на спиењето, нешто што секако треба да е во пониската граница.

Третата новина е поврзана со вежбањето, односно со најпопуларната активности, трчање. „Running Coach“ ќе биде тука да им помогне на корисниците како најдобро да ја зголемат својата кондиција и да почнат да трчаат повеќе, а сето тоа на најдобар начин за да го намалат ризикот од повреди.

Последната новина е наречена „Antioxidant Index“ и истата ги мери „каретоноидите“ преку кои би требало да се добие претстава дали корисникот јаде или пие доволно храна со антиоксиданти.

Засега нема информација кога од Samsung планираат да почнат со пуштањето на One UI 8, а оваа година Android 16 беше пуштен најрано досега, па се надевам дека тоа ќе се одрази и на производителите.