08_Samsung_IFA 2016-Berlin_01.09.2016

Самсунг ја нагласува посветеноста на Европа и претставува нови продукти и партнерства за Европските пазари за апарати за домаќинство, уреди за визуелизација и уреди за домашна забава

Берлин, Германија1. Септември, 2016 Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) на својата ИФА 2016 прес конференција денес во Берлин демонстрираше како ја редефинира дефиницијата за потрошувачкото искуство, презентирајќи палета нови производи и партнерства за Европските пазари за апарати за домаќинство, уреди за визуелизација и уреди за домашна забава.

“На ИФА 2016, сакавме да и покажеме на Европската заедница како ние континуирано тежнееме да го редефинираме Самсунг искуството. За сите наши потрошувачи и партнери и низ сите наши линии на производи, од телевизори и домашно озвучување, до апарати за домаќинство. Се што создава Самсунг е производ на нашата одлучност за збогатување на секојдневието на луѓето со иновативна технологија, базирана на длабоко разбирање на она што навистина потрошувачите сакаат и им е потребно.“ – изјави Дејвид Лоувес (David Lowes), Главен Маркетинг Директор за Самсунг Електроникс Европа (Samsung Electronics Europe).

Посветени на потенцијалот на Европа

За време на прес конференцијата, која повторно се одржа во Сити Кјуб (City Cube) во Месе Берлин, Самсунг ја потврди посветеноста на Европа, вработувајќи 14.000 лица во 34 држави. Производите на Самсунг се спој на Европскиот талент, мода, дизајн и најделикатните традиции на совршеното производство. Со приходи од вториот квартал кои секоја година се зголемуваат до 5%, седум од десет Европски домаќинства поседуваат Самсунг мобилен телефон, и една од три семејства ги гледаат нивните омилени серии и филмови на Самсунг телевизор, компанијата верува дека сега е вистинскиот период за да се инвестира уште повеќе во потенцијалот на Европа.

Согласно со ова, Самсунг најави ново партнерство со МејкерБот (MakerBot), глобалниот лидер во 3Д печатење, кој ќе ги опреми основните и средните училишта и музеите на пет Европски пазари со 3Д печатачи, како и ќе ги обучи наставниците и учениците за корисноста од технологијата. Со повеќе од 100.000 МејкерБот печатачи ширум светот, тие ја претставуваат најголемата светска заедница за 3Д печатење и неверојатно моќната алатка во училницата. Самсунг исто така изјави дека како дел од Големата Коалиција за Дигитални Вработувања на Европската Комисија (European Commission’s Grand Coalition for Digital Jobs) е на добар пат да поддржи 400.000 млади луѓе и оваа превземена обврска да ја реализира до крајот на 2016 година – три години порано од очекуваното.

Иднината на Телевизијата: Редефинирана од Quantum Dot

Самсунг ја зголеми и својата посветеност на Quantum dot display технологијата на ИФА 2016.

Самсунг го претстави нашиот нов Quantum dot телевизор, 88-инчниот KS9800, нудејќи врвен квалитет на сликата, сјај и, како и сите Самсунг SUHD телевизори, екран способен за производство до една милијарда бои. Компанијата Самсунг сега нуди најголем избор на SUHD телевизори во Европа, со 19 достапни големини од 43” се до 88”, нагласувајќи ја неограничената флексибилност на Quantum dot во однос на големината на екранот и дефиницијата. Покрај ова, Самсунг го претстави и првиот заоблен Quantum dot монитор за персонален компјутер – новиот CF791, со 34” ултра широк QHD екран и прекрасниот нов CFG70, првиот заоблен монитор со подвижна слика со време на одговор од една милисекунда и 144 херци стапка на освежување за непречено, беспрекорно играње игри.

SAMSUNG CSC

Исто така, Самсунг е единствената компанија која на своите потрошувачи има можност да им понуди телевизор Quantum Dot без кадиум- нагласи гостинот говорник Џејсон Хартлав (Jason Hartlove), Претседател и Извршен Директор на Наносис (Nanosys) и еден од најдобрите светски авторитети за технологијата Quantum Dot. Хартлав откри дека Quantum Dot е помеѓу најстабилните и најсигурни материјали за екрани кои се достапни на нашата планета, кој овозможува супериорна изведба и по еколошки дисплеј со инзвондреден животен век.

Согласно довербата на компанијата во сигурноста на Quantum Dot, Самсунг најави нова 10 годишна гаранција за нивните SUHD телевизори со Quantum dot екрани, заштитувајќи ги потрошувачите од ефектите на изгоренизи за една цела децанија.

На прес конференцијата, Вон Јин Ли (Won Jin Lee), Извршен Потпретседател на Одделението за Видео Дисплеи во Самсунг Електроникс, ја претстави платформата Smart Hub и најави формирање на ново премиум партнерство во областа на HDR содржината која ќе помогне да се реализира целосниот потенцијал на Quantum Dot SUHD телевизорите. Ова ги вклучува и плановите за проширување на Самсунг TV Plus услугата, која се покажа како популарна во Јужна Кореа, во Соединетите Американски Држави и Европа.

Свесни дека големите телевизори се наменети за инзвондредни содржини како и одличен квалитет на сликата, Самсунг изјави дека тоа е зајакнување на својата соработка и односи со глобалните партнери, како што се Амазон (Amazon) и Нетфликс (Netflix). Нетфликс ја проширува својата палета на HDR содржина за Европските потрошувачи, со филмски наслови како „Marco Polo“, „The Do-Over“ и „The Ridiculous Six“. Европските партнери, вклучувајќи ги и RTVE и Insight TV исто така ќе почнат да нудат HDR содржини во втората половина од 2016.

Самсунг исто така укажа и на можностите на Самсунг Smart Remote, што им овозможува на корисниците лесна навигација на сите нивни поврзани уреди со еден единствен далечински управувач. Ова паметно далечинско е дизајнирано за автоматско откривање на екстерни уреди поврзани со телевизорот, што им олеснува на потрошувачите да одверат кој од овие екстерни уреди ќе го користат, без да треба да „трагаат“ по повеќе далечински управувачи.

На крај, Самсунг ја истакна својата позиција како лидер во Европскиот пазар за домашно озвучување и број еден производител на звучници во регионот. Изложени беа производи вклучувајќи ги и: Wireless Audio 360 line-up и HW-K950 Soundbar со вклучена Dolby Atmos® аудио технологија за мултидимензионален звук као во кино. Заедно со SUHD телевизорот, UHD Blu-ray Player, и HDR содржинскиот екосистем, со волку широка палета Самсунг е единствената компанија која е способна за обезбедување на целосно 4К домашно забавно искуство.

Редефинирање на најбрзорастечкиот бренд за апарати за домаќинство

Посветеноста на Самсунг да го редефинира потрошувачкото искуство ги надминува границите на дневната соба. Во текот на последните три години бизнисот со домашни апарати на Самсунг се зголеми во просек пет пати побрзо од остатокот од индустријата во Европа. Успехот на новите производи како што е Add Wash, кој беше претставен на ИФА 2015, го направија Самсунг број еден премиум бренд во Франција, Полска, Италија и Америка. На ИФА 2016, Самсунг најави два нови AddWash производа – АddWash Combo, кој ја елиминира потребата да купите посебна машина за сушење, и AddWash Slim, која може да се вклопи во помала кујна без да зафаќа голем простор. По направените детални истражувања околу тоа што потрошувачите навистина сакаат во нивните кујни, Самсунг претстави три нови линии со вградени уреди: Contemporary Line со новиот вграден ладилник, Black Line која е делумно мат црна и дава модерен, безвременски изглед, и оригиналната Chef Collection. Новиот вграден ладилник од современата линија обезбедува лесно и беспрекорно вклопување, благодарение на иновативните технологии како што се No Frost, Twin Cooling PlusTM, Cool Select Zone plus.

Исто така, Самсунг најави дека сензационалниот Family Hub пристигнува во Европа. Ова линија на „top-of-the-line“ ладилници исто така располага со Twin Cooling Plus TM технологија која ја максимизира свежината на храната, како и Precise Chef Cooling TM, кој ги задржува температурните флуктуации во плус или минус 0,5 степени. Family Hub исто така е опремен со специјалниот „Chef Zone TM“, кој е идеален за управување со температурно чувствителните протеини. Се разбира, три внатрешни камери на Family Hub постојано прават фотографии до кои потрошувачите можат да пристапат преку нивните мобилни телефони, овозможувајќи им да видат се што има внатре.

Family Hub располага со 21,5 инчен Full HD екран кој е осетлив на допир и им нуди на потрошувачите широк опсег на функционалност. Тој може да им послужи на потрошувачите како интерактивна бела табла на семејството за белешки, фотографии, календари и уметнички дела. Содржината може да биде директно поставена преку екранот на допир, или пак преку мобилен телефон или таблет. Потрошувачите преку екранот на допир дополнително можат ја користат апликацијата за онлајн шопинг за да нарачаат намирници директно од нивната кујна кои ќе им бидат доставени директно до нивниот дом.Самсунг е во партнерство со широк спектар на европски онлајн продавници за намирници вклучувајќи го и првокласниот добавувач на Италијанска храна, Etaly, како и други Европски снабдувачи на храна како што се Supermercato24 и Швајцарскиот coop@home.

Family Hub исто така ќе им даде на Европските потрошувачи шанса да готват заедно со мајсторите преку Club des Chefs апликацијата. Директно од екранот на Family Hub, Club des Chefs нуди професионални кулинарски совети преку текст и видео. Да се биде во можност да се гледаат најдобрите кулинарски експери од светска класа додека готват на горната половина од екранот, додека ве водат низ рецептот на долната половина на екранот е одличен пример за тоа како Самсунг дава нова дефиниција за искуството во кујната.

Самсунг Електроникс штандот ќе биде отворен на второто ниво на Сити Кјуб (City Cube), Берлин од 2. до 7. Септември за ИФА 2016

Претходна статијаSamsung Gear S3 – спој на елеганција, робустност и високи перформанси
Следна статијаШто се крие зад името „Креативен евангелист“ ?