Samsung официјално го закажа годинешниот Galaxy Unpacked настан кој го одржуваат во текот на летото. Оваа година тој ќе биде нешто порано, па ќе се одржи на 10 јули.
Настанот оваа година ќе биде во Париз, а покрај можноста да се следи во живо преку YouTube каналот од компанијата, Смартпортал ќе биде директно присутен и ќе известуваме за сите претставени новини.
На Galaxy Unpacked стандардно за изминатите години можеме да ги очекуваме новите генерации од Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip уредите кои се дефиниција на пазарот за уреди на преклоп.
Покрај нив, Samsung обично ги претставува новите генерации од нивните паметни часовници, а тука се и слушалките.
Очекувано оваа година, од компанијата ќе издвојат поголем дел и за развојот на генеративната вештачка интелигенција, односно за новите Galaxy AI функции кои се дел и ќе бидат дел од уредите од компанијата.
Можеме да очекуваме интересен Galaxy Unpacked оваа година, па мислам дека дефинитивно ќе вреди да се следи.