СКОПЈЕ, 10 јануари 2024 г. – Во пресрет на настанот Galaxy Unpacked, кој ќе се одржи на 17-ти јануари и пред sаемот Consumer Electronics Show, Samsung најави нови можности зајакнати со вештачка интелигенција.

За да ја прослави новата ера на иновации на Galaxy, Samsung на 8-ми јануари се здружи со Marvel Studios и втората сезона на нивната серија „Што ако…?“ (What If…?), која сега се емитува само на Disney+, за епско прикажување на надворешната страна на LED екранот на компанијата Sphere.

Прикажувајќи го ликот на Doctor Strange, хоризонтот над Лас Вегас се осветли наговестувајќи ги новите можности за мобилна вештачка интелигенција кои наскоро ќе им бидат достапни на корисниците на Galaxy ширум светот. Исто како што познатиот лик на Doctor Strange открива нови портали со бескрајни можности, Galaxy AI ќе им овозможи на корисниците едно такво откривање на сосема нов начин.

„Започнуваме нова ера на иновации на Galaxy Unpacked, овозможувајќи искуства со вештачка интелигенција на мобилните телефони како никогаш досега“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), EVP и раководител на одделот за маркетинг на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Galaxy AI ќе ги охрабри корисниците во секој аспект од животот. Оваа кампања покажа еден од начините на кои ја развиваме и водиме мобилната технологија преку специјална соработка со долгогодишен партнер во технолошката индустрија, која ќе биде откриена наскоро“.

Погледнете го видео записот за глобалната кампања и бидете во тек со каналите на социјалните медиуми на Samsung Galaxy за повеќе епски откритија со Доктор Стрејнџ.

Претходна статијаДигиталните апарати за домаќинство добија Сертификат за јаглероден отпечаток на производот од Carbon Trust
Следна статијаGoogle во соработка со Samsung ги спои Nearby Share и Quick Share во едно решение за сите корисници