Посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат разликата што ја прават новите продажни пултови, наречени Co-working table, кои се интерактивни и преку нив се надминува бариерата помеѓу купувачот и продавачот, со што се создава простор за заедничко составување на најдобрата понуда во меѓусебен разговор.

Дополнително, категоризирањето на салонот како Open storage значи дека секој производ што е изложен ќе им биде веднаш достапен на купувачите.

Целта на овој концепт не е само да ги покаже современите технологии, туку и да ги презентира најдобрите начини на кои дигитализацијата ќе им помогне на корисниците.

Во продавницата има простор за гејминг, каде што ексклузивно може да се игра трка со дронови, што е овозможено од напредната технологија и квалитетната мрежа, како и  Digital playground – инструмент преку кој ќе бидат претставени предностите и можностите што ги нуди паметната технологија (паметна куќа, паметен превоз, паметно здравје итн.).

Истражувањата на трендовите кај корисниците покажуваат дека неопходно е технологијата да им е на дофат, па оттука и инспирацијата на Македонски Телеком да ја отвори најсовремената продавница во нашата земја, па и во соседството.

Целиот фокус на новата продавница е ставен на врската на корисникот со технологијата, а тоа се забележува уште од првото влегување во неа. Нејзината ексклузивност е во бројните паметни гаџети, интерaктивното корисничко искуство, кои во овој простор ќе бидат отворено достапни за корисниците.

На отворањето на продавницата, каде што присуствуваа  музичари, гејм девелопери, филмски работници, инфлуенсери и релевантни медиуми, модераторот на настанот, Сашко Коцев, им се обрати на присутните на невообичаен начин, со помош на технологијата: беше домаќин од далечина и ги поздрави гостите преку видео повик. Исто така, уметниците кои присуствуваа, имаа можност со помош на технологијата креативно да ги прикажат придобивките од технологијата со помош на паметни уреди и гаџети.     

Со новиот концепт на продавници, кој е трет во целата Дојче Телеком Групација (по Загреб и Виена), Македонски Телеком постави уште еден мост помеѓу технологијата и корисниците и ги отвори вратите на ново дигитално искуство во центарот на Скопје.

Претходна статијаGoogle ја отвори платформата за тури и приказни на Google Earth за сите корисници
Следна статијаMicrosoft ја откажува Cortana апликација за Android и iOS