Snapdragon X серијата на чипови е таа која конечно донесе конкуренција на одличните MacBook од Apple и нивните М чипови. Оваа серија е заслужна за можноста сега да тврдиме дека Windows 11 на ARM е успешна приказна, иако системот има други проблеми поради кои ќе видиме колку ова ќе продолжи да биде така и во иднина.
Во рамките на Snapdragon Summit 2025 настанот, на кого беше претставен и Snapdragon 8 Elite Gen 5 чипот за мобилните, Qualcomm го претставија и Snapdragon X2 Elite чипот за компјутерите.
Од тоа што може да се види од најавата, исто како во случајот со мобилниот чип, Apple повторно добива доста сериозна конкуренција која дури почнува да ги надминува во перформансите.
Новиот чип од Qualcomm доаѓа во две верзии, односно Snapdragon X2 Elite и Snapdragon X2 Elite Extreme. Основната верзија доаѓа во две варијанти, што значи дека корисниците ќе добијат три нивоа на перформанси кога ќе станат достапни компјутерите.
Една од главните новини кои ја донесуваат новите чипови е поврзана со вештачката интелигенција, па Snapdragon X2 Elite чиповите донесуваат вредност од 80 TOPS за процесирање на ВИ барањата.
Ова е доста голем и очекуван скок на перформанси во време кога вештачката интелигенција е насекаде, а посебно во случајот со Windows 11 компјутерите.
Snapdragon X2 Elite серијата доаѓа со Qualcomm Oryon процесорските јадра, кои во случајот кај компјутерите можат да работат до 5Ghz со „boost“ на перформансите, а имаат основна фреквенција до 4,4GHz.
Трите варијанти овозможуваат до 18 јадра кај Snapdragon X2 Elite Extreme чипот, односно до 12 јадра кај основниот модел.
Од Qualcomm сега најавуваат можност за траење на батеријата до неколку денови со овие нови чипови, па ќе видиме дали тоа навистина ќе биде така, односно при какви услови и стил на користење.
Сите детали за новата Snapdragon X2 Elite серија можете да ги погледнете на овој документ.