Фото: Qualcomm

Qualcomm го најави купувањето на компанијата Arduino, една од најпознатите компании во областа на отворен хардвер и софтвер, компанија која им овозможи на огромен број студенти, ентузијасти, но и посериозни компании, да учат, тестираат и развиваат. 

Со ова Arduino станува дел од компанијата која стои зад развојот на чиповите кај повеќето смартфони на пазарот, но и доста други производи. Според најавата, Arduino ќе продолжи да функционира како независен бренд и ќе продолжи да ги овозможува истиот стил на производи. 

Ова значи дека корисниците можат да очекуваат да остане отвореноста на хардверот, па приклучувањето кон Qualcomm нема да значи дека сега ќе можат да се користат само нивните чипови. 

Фото: Qualcomm

Истовремено со објавата, Arduino ги претстави Arduino UNO Q, својата прва плоча со двоен процесор базирана на платформата Dragonwing на Qualcomm, дизајнирана за напредни AI и Linux апликации.

Дополнително, корисниците добиваат нова платформа за развивање, Arduino App Lab, која ги обединува работните текови за реално-временски оперативни системи (RTOS), Linux, Python и развој на AI.

Целосната објава од Qualcomm можете да ја прочитате тука.

ИЗВОРQualcomm
Претходна статијаМакедонското „гејминг“ студио Workbench Entertainment ја најави нивната најнова игра Olga – Episode 1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.