Една од најпознатите Linux дистрибуции, како и секоја година, ја пушти својата октомвриска верзија, односно време е за надградба и инсталирање на Ubuntu 22.10.
Оваа верзија доаѓа со 9 месеци поддршка, односно не се работи за LTS верзија која најчесто се користи во компаниите поради подолгото време на поддршка.
Како и секоја верзија и оваа има интересно име, па Ubuntu 22.10 е наречен Kinetic Kudu
Ubuntu 22.10 донесува неколку новини кои прават доволно разлика за да се каже дека корисниците вреди да го надградат својот компјутер, а еве и потсетување за тие кои се мислат да и дада шанса на оваа дистрибуција од Linux.
Главните новини кај Ubuntu 22.10 може да се поврзат со користењето на GNOME 43 верзијата од каде доаѓаат дел од новите функции.
Quick Settings делот добива можеби најголема промена, па конечно после доста години овој дел е направен во модерен стил, кој покрај дизајнот, донесува многу попрактичен пристап до повеќе прилагодувања.
Овој дел сега може слободно да се спореди со macOS и iOS, но тоа е одлична споредба и корисниците ќе добијат одлично дизајниран и функционален дел од системот.
Корисниците едноставно можат да ги вклучуваат и исклучуваат Wi-Fi мрежите, а тие сега се директно достапни од Quick Settings делот, тука е вклучување на Bluetooth, темната тема и слично.
Ubuntu 22.10 донесува подобрувања и кај File Manager апликацијата, кај Desktop прилагодувањата, а достапни се и нов аудио сервер, Linux Kernel 5.19, како и ажурирани верзии од некои од вградените апликации.
Што се е ново во Ubuntu 22.10 можете да погледнете на одлично видео од OMG!Ubuntu во продолжение.