Фото: Proton

Познатата швајцарска компанија Proton, која стана позната со својот прв сервис Proton Mail, очекувано се приклучи на пазарот на вештачка интелигенција со претставувањето на сопствен „четбот“ наречен Proton Lumo. 

Овој „четбот“ е направен целосно во стилот на останатите сервиси од компанијата, што значи дека разговорите се заштитени со од-крај-до-крај шифрирање, па дури ни од компанијата немаат пристап до нив. 

„Денес, големите технолошки компании ги повторуваат грешките од раните денови на интернетот. Наместо да ја користат вештачката интелигенција за да им служат на луѓето, тие ги претвораат луѓето во производи – и ја користат вештачката интелигенција за да го забрзаат бизнис моделот на капитализмот за надзор изграден врз рекламирање, собирање податоци и експлоатација.“ – истакнуваат од Proton. 

Ова значи и дека поради фактот што сите разговори преку Proton Lumo се шифрирани, од компанијата не можат да ги користат за тренирање на јазичните модели. 

Како и повеќето конкуренти, Proton Lumo овозможува разговор со вештачката интелигенција, измена на текст, работа со датотеки, како и пребарување на интернет на приватен начин. 

Proton Lumo може да се користи целосно бесплатно преку lumo.proton.me, како и преку достапните апликации на Android и iOS. Корисниците можат, но не мораат да се најават со нивната Proton сметка, а со најавување се добиваат одредени предности, како зачувување на историја од разговорите, секако и таа шифрирана и приватна. 

За тие кои сакаат повеќе функции, односно помали ограничувања на функциите, достапен е и платен пакет. 

ИЗВОРProton
Претходна статијаBrave прелистувачот ја блокира „сомнителната“ Recall функција во Windows 11
Следна статијаГрижата за вработените носи долгорочен успех – „Макпетрол“ исплати регрес од 48.000 денари
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.