Дојде и крајот на 2016-та година и како што многумина милуваат да кажат, најлудата ноќ во годината. Доколку сте некој што не сака дискотеки, гужви и сака најлудата ноќ да ја помине дома, еве неколку начини:

  1. Netflix

Netflix оваа година стана достапен и во Македонија. Не дека претходно немаше опција за да гледате филмови и серии, само ќе Ви требаше VPN за да можете да пристапите до содржината. Имате голем избор на филмови и серии.

  1. Dota

Играјте multiplayer со голем број на играчи онлајн и со нив прославете ја новата година.

  1. Lord of The Rings маратон

Секогаш е добра идеја за маратон од трилогијата Господар на Прстените.

  1. Чистење

Исчистете го Вашиот компјутер. Конечно можете во мир и спокој да го отворите сопствениот компјутер и да го исчистите. Можете и да ги подредите датотеките и папките. Од толку средување на туѓи компјутери знам дека немавте време сопствениот да го средите.

  1. Фотографирање

Земете го Вашиот DSLR (како достоен Geek верувам дека го имате) и фотографирајте ја прославата на плоштад или пак фотографирајте го славењето на комшиите. Само, внимателно иако знам дека сте достоен Geek, сепак Ви препорачувам малку да се социјализирате. Многу е подобро кога ќе бидете и Вие на фотографиите од прославите … Нека Ви е среќна Новата Година.

Претходна статијаAndroid апликации кои најмногу ја трошат батеријата
Следна статијаSamsung ги претстави новите смартфони од “A” серијата, сега водоотпорни и со подобри камери