Фото: Dolby

Dolby Laboratories оваа недела го најави пуштањето на втората верзија од нивната Dolby Vision технологија, Dolby Vision 2. Истата е претставена во рамките на IFA 2025 настанот кој се одржува во Берлин секоја година, а како први кои се најавени дека ќе почнат да ја користат се Hisense и CANAL+. 

Секако, додека почнеме да ја гледаме предноста од новата верзија од технологијата, сепак ќе мора да почекаме додека ја прифатат креаторите на содржина, односно филмските студија, па потоа и производителите на телевизори и други уреди. 

Dolby Vision 2 донесува неколку новини, а од компанијата тврдат дека имаат посветено внимание на решавањето на некои од проблемите со првата верзија, како и можностите кои ги донесува напредокот на технологијата зад телевизорите, мониторите и проекторите. 

Технологијата се истакнува дека е редизајнирана и помоќна, а се истакнуваат две новини кои треба да го подобрат искуството при гледање на филмови, спорт и игри. 

Интелигенција за содржината, односно „content intelligence“ донесува намалување на разликата од како содржината е замислена и како изгледа на телевизорот. 

Еден од главните проблеми кои треба да се решени е црната боја за која корисниците често се жалат дека е потемна од што треба. На ова се додава можноста за прилагодување на сликата врз основа на сензорите за светлина кај телевизорите, како и нова оптимизација за гледање на спорт и играње игри. 

Authentic Motion е втората истакната новина, а за истата ќе мора да почекаме и да ги видиме тестовите. Се работи за прилагодувањето кај телевизорите кое е во главно погодно за гледање на спортска содржина, а е доста критикувано доколку е вклучено кога се гледа филм. 

Во основа, креаторите на содржина ќе имаат можност да ја прилагодуваат оваа функција од сцена до сцена, нешто што би требало исто така да оди во правец на гледање на содржината како што е замислена. 

Кратко кажано, Dolby Vision 2 донесува подобрување на сегашните функции, како и поголема слобода на креаторите да ја прилагодат содржината според нивната замисла. 

Дел од производителите веќе овозможуваат нешто вакво, па ќе видиме како ќе изгледаат филмовите со вградување на можноста директно во Dolby Vision 2. 

Од компанијата истакнуваат дека ќе бидат достапни две верзии од технологијата, Dolby Vision 2 Max и Dolby Vision 2. Првата ќе биде достапна кај поскапите телевизори и ќе треба да ги овозможи најновите и најдобри функции, додека втората ќе донесе подобрување во споредба со претходната верзија. 

ИЗВОРTom's Guide
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаSamsung го претстави целосно новиот Sound Tower на IFA 2025
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.