Фото: Samsung

Утрински прошетки, лесни тренинзи, правилно дишење и доволно сон – сето тоа се мали навики што прават голема разлика. А кога покрај себе имате часовник кој ве следи, ве поттикнува и ве потсетува да се грижите за себе, тогаш мотивацијата доаѓа природно. Токму затоа новата Galaxy Watch8 серија не е само моден детал, туку сојузник на патот кон побалансиран и исполнет живот.

Удобност при носење со совршени перформанси

Galaxy Watch8  носи најдобра удобност при носењето со водечки перформанси, што го прави најдобриот сопатник за секојдневно здравје. Препознатливиот „перничест“ дизајн, сега ја дефинира целата Galaxy Watch серија. За да се постигне најтенка дебелина на уредот досега, внатрешната структура на Galaxy Watch8 е целосно редизајнирана, а системот на вградување компоненти е подобрен за 30%, што резултира со 11% потенок дизајн од претходникот. Со системот на динамични копчиња (Dynamic Lug), часовниците природно се движат заедно со зглобот, што ви овозможува поголема удобност, подобрена стабилност, подобро прилегање и унапредено следење на здравјето.

Елегантниот профил на Galaxy Watch8 е надополнет со извонредни перформанси. Дури и кога го носите на отворено директно изложен на сончева светлина, екранот е доволно светол за лесна читливост, а тука е и подобрената батерија која го следи активниот начин на живот. Дополнително, двојно-фреквентниот GPS систем ќе ви обезбеди попрецизно следење на локацијата, а најмоќниот досега 3-нанометарски процесор, нуди побрзи перформанси и подобра енергетска ефикасност. Со единствениот BioActive сензор добивате подетално и попрецизно мерење, со што Galaxy Watch8 серијата нуди целосен увид во вашето здравје.

Фото: Samsung

Вашата мотивација на патот кон здрав лајфстајл

Samsung постојано го унапредува искуството на следење на сонот, па така ќе ви понуди и „тренинг“ за спиење, ќе помогне да ја создадете најдобрата средина за одмор, а може дури и да препознае умерени до силни знаци на апнеја при спиење. Понатаму, Galaxy Watch8 серијата ви нуди и нови единствени здравствени функции во Samsung Health апликацијата, со кои ќе изградите поздрави навики преку моментални и мотивирачки сознанија – од сон, исхрана, па сè до вежбање.

Водичот за време за спиење (Bedtime Guidance) ќе ви предложи оптимално време за одмор за да се разбудите свежи и одморени. Васкуларното оптоварување (Vascular Load), првото мерење од овој вид, ќе го следи нивото на оптоварување на вашиот васкуларен систем за време на сонот. Исто така Galaxy Watch8 серијата донесува Антиоксидативен индекс (Antioxidant Index), уште едно премиерно мерење за паметни часовници, со кое ќе можете да го мерите нивото на каротеноиди за само пет секунди и да донесувате подобро информирани животни одлуки за поздраво стареење.

Фото: Samsung

Полесна интеграција на часовникот со Wear OS 6 и Gemini

Часовниците од Galaxy Watch8 серијата се опремени со пред-инсталиран Wear OS 6 и Google Gemini, AI асистентот на Google, при што, користејќи природни гласовни команди ќе можете да извршувате задачи во движење со Galaxy Watch апликациите, како Samsung Health, календар, потсетници и часовник. Дополнително, благодарение на новиот One UI 8 Watch, корисничкиот интерфејс ја оптимизира големината и формата на изгледот на часовникот. 

Фото: Samsung

Совршена синергија со Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7  

Најновите часовници на Samsung градат совршена синергија со новата серија телефони на преклоп Galaxy Z. Па така, Galaxy Watch8 е идеален во комбинација со Galaxy Z Flip7, а поголемиот Galalxy Watch8 Classic со Galaxy Z Fold7. Со елегантна и брза поврзаност, можете да ги управувате повиците, пораките и апликациите директно од зглобот, без оглед каде се наоѓаш.

Со Galaxy Watch8 добивате повеќе од часовник, добивате свој личен асистент за здравје, фитнес и стил кој никогаш не се уморува и ви помага да бидете најдобрата верзија од себе, секој ден. Поврзан со Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7, овие часовници  се вашиот најсилен сојузник во динамичната игра на модерниот живот.

Претходна статијаSamsung ја проширува услугата за далечинско управување со домашни апарати (HRM) на глобално ниво за подобрување на корисничкото искуство
Следна статијаЗлато и бронза за Мојсовска и Јовановска од „Макпетрол“ на Универзијадата во Полска