Perplexity, компанијата која стои зад истоимениот интернет пребарувач со вештачка интелигенција, официјално го пушти својот интернет прелистувач, секако, направен со целосна интеграција на ВИ.
Името на прелистувачот е Comet, а од компанијата го првпат го пуштија пред три месеци, поточно на 9 јули. Тогаш прелистувач им беше достапен на претплатниците на Perplexity Max претплатата, а во периодот што следеше им беше пуштен и на претплатниците кои побараа да бидат поканети.
Од оваа недела Comet е официјално достапен за сите корисници, бесплатно, па сега сите можат да почнат да го користат без разлика дали плаќаат или не.
Comet е прелистувач направен на основа на Chromium кодот, нешто што е целосно очекувано. Зошто било која компанија да развива веб технологија и апликација, кога може да развива на основа на најпопуларната која е со отворен код.
Врз Chromium е додадена вештачката интелигенција, а корисниците покрај лесниот пристап до Perplexity пребарувачот, добиваат уште неколку функции како автоматска организација на отворените табови со помош на ВИ, испраќање на имејл пораки, програмирање, а тука секако се агентите за „сурфање“ во име на корисникот и на пример, купување на производи.
Достапните функции во основа ќе им бидат достапни и на корисниците на конкурентните прелистувачи, но од Perplexity ги претставуваат нешто порано, а и сметаат на нивните корисници дека би сакале да го користат Comet, наместо Chrome или другите.