OpenAI оваа недела ја претстави најновата способност на нивниот ChatGPT, наречена ChatGPT Agent и со тоа може слободно да се каже дека започнува наредната „ера“ на вештачката интелигенција, а тоа што беше достапно досега е еден вид на загревање.
ChatGPT Agent спојува две достапни функции досега во една, односно ги спојува можноста за истражување и можноста за интеракција со веб страните во име на корисникот.
Со ова спојување се доаѓа до една моќна алатка која ќе може да изврши повеќе задачи зададени од страна на корисникот и во име на корисникот. Со можноста за давање пристап на ChatGPT до одредени сервиси, како Gmal, Calendar и слични, „агентот“ ќе може да направи било што за корисникот.
Што може да направи за корисникот ChatGPT Agent? На кратко, со оваа алатка може да се побараат работи како истражување за достапни концерти на одредена локација од одредена, група, проверка на календарот за агендата на корисникот и на крајот купување, односно резервирање на картите.
ChatGPT Agent ја прикажува работата која ја прави, иако може да биде оставен во позадина, а корисникот може во било кое време да се „вмеша“ и да ја прекине работата или па да се најави на некој сервис кој е потребен за завршување на задачата.
Неколку примери за што е тоа што може да го направи ChatGPT Agent можете да погледнете на официјалната страна од OpenAI, а официјалното претставување во продолжение.