По претставувањето на одличната нова Xiaomi 17 серија, сега уште еден од познатите кинески производители го најави претставувањето на нивната најнова серија.
OnePlus го најави претставувањето на OnePlus 15, кое треба да се случи во наредните неколку недели.
Двата кинески производители имаат две заеднички работи, а едната е што нивните најнови серии се меѓу првите кои работат на новиот Snapdragon 8 Elite Gen 5.
Втората сличност е што тие доаѓаат на пазарот брзо после настанот од Apple и имаат директно што да понудат како конкуренција на iPhone 17 Pro серијата.
Тоа на кое даваат посебно внимание од OnePlus е изработката барем на едниот модел од серијата кој доаѓа со новата „Sand Storm“ боја. Ќе почекаме до официјалното претставување и тестовите, но OnePlus 15 изгледа нема ни приближно да биде подложен на гребење како новите iPhone 17 Pro.
Причината за гребењето на iPhone 17 Pro, кое е на дел од новото „плато“ за камерите, како и на страните, е поради повторното користење на алуминиум и конкретниот процес на производство.
OnePlus посебно го промовира овој дел, па истакнуваат дека нивниот OnePlus 15 ќе биде обложен со керамика и со тоа ќе биде поиздржлив од алуминиумот, но и титаниум, материјалот кој Apple го користеше две години.
На задната страна OnePlus 15 ќе биде изработен од „фиберглас“, па јасно станува дека издржливоста на телефонот ќе биде една од главните негови карактеристики.