Shutterstock.com

The Matrix, филмот којшто беше првпат пуштен во 1999 година, е можеби еден од најпознатите филмови во својот жанр, а можеби и повеќе. Главната приказна во овој филм е нешто што во денешно време уште повеќе го разбираме, а се врти околу откритието дека луѓето се користат од страна на машините за добивање на енергија, додека светот во којшто живеат е само симулација за нивна контрола.

Целата приказна се завршува во три дела, па со оглед на тоа како заврши третиот, не се очекуваше дека ќе има продолжение, барем не со истите глумци и карактери.

Официјално, потврдено од страна на Warner Bros., ќе биде снимен и четврти дел од The Matrix којшто нема да биде како што најчесто се прави со постари филмови, преработка со нови глумци. Се работи за официјален продолжеток, а двата главни ликови од филмовите, Нео (Киану Ривс) и Тринити (Кери-Ен Мос), ќе бидат дел од него.

Дел од новиот филм ќе биде и Лана Вачовски, која заедно со нејзината сестра беше креатор на првите делови, но овој пат ќе биде сама, со нова екипа.

Снимањето на филмот се очекува да почне некаде на почетокот од идната година, што значи дека тој би бил пуштен во кината дури во 2021 година, најверојатно, мислам дека е оптимистички да се очекува порано.

Она што ќе биде интересно да се види во филмот е како ќе се објасни тоа што двата главни ликови се уште тука. Иако може некако да се „изврти“ појавувањето на Нео, кој иако така лични, не знаеме точно дали остана жив или не по финалната борба со агентот Смит.

За разлика од него, Тринити беше очигледно дека не го преживеа паѓањето на бродот на патот кон градот на машините.

„Многу од идеите кои Лили и јас ги истражувавме пред 20 години за нашата реалност се уште порелевантни сега. Многу сум среќна што овие карактери се повторно во мојот живот и сум благодарна за уште едната шанса да работам со моите брилијантни пријатели.“ – истакна Лана Вачовски.

ИЗВОРVariety
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаGoogle Go е најновата од апликациите на Google кои се полесни и наменети за послабите уреди
Следна статијаСо помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.