win-8-1-store-1

Microsoft вчера издаде неколку надградби за Windows 8.1 оперативниот систем меѓу кои и нова верзија од продавницата за апликации (Store) која што се користи во „модерната“ околина. Продавницата е веќе доста поразлична од таа што беше претставена и уште се користи од страна на корисниците кои што се’ уште го немаат надградено нивниот систем на 8.1 верзијата од оперативниот систем. Со оваа надградба продавницата, односно функционалноста и организираноста на работите станува послична со таа на Windows Phone 8.1, со што се оди во најавениот правец на унифицирање на работите помеѓу десктоп и мобилниот оперативен систем од оваа компанија.

Промените во новата верзија ќе ги забележите веднаш по вклучување на продавницата. Поставеноста на работите на корисничкиот интерфејс е променета, а додадени се и нови елементи. На горниот дел лентата за чие што појавување требаше да повлечете со прстот или да притиснете на десното копче од маусот, сега е цело време прикажана. За да не зазема голем дел од екранот, лентата ги прикажува само насловите на работите кои што се дел од неа, па со притискање на секој од нив посебно се отвора остатокот од лентата. Ова доста ја забрзува работата со продавницата, односно работите можете да ги завршите со помалку кликови.

Исто така на главната страна од продавницата, намален е делот на кого се прикажани издвоените апликации, кои што и понатаму се прикажуваат во форма на лизгачка галерија од 5 апликации. Нов е додатокот на Collections, познат на корисниците на Windows Phone, веднаш под издвоените апликации. Овие колекции на апликации се група на апликации избрани од страна на Microsoft поделени по одредени категории, како на пример апликации за нови корисници, апликации за готвење, основни апликации кои што треба да ги имате и слично.

win-8-1-store-2

Останатиот дел од продавницата е организиран на начин кој што треба да ви овозможи полесно да дојдете до нови и интересни апликации. Па така, како што одите десно од продавницата ќе ги видите најдобрите бесплатни апликации, најдобро оценетите апликации и слично. До сите овие делови од почетната страна можете посебно да влезете преку горната лента.

Други нови работи во оваа верзија од продавницата вклучуваат:

  • Додавање на посебна ознака на универзалните апликации кои што со едно купување може да се користат во Windows и Windows Phone
  • Прикажување на информации за попусти за апликации на главната страна, резултати од пребарување, листи и страните со опис за апликациите
  • Подобрувања во приказот на описот на апликациите

Најновата верзија од продавницата е достапна преку Windows Update функцијата и можете да ја инсталирате преку Control Panel или PC Settings во модерниот дел. За да можете да ја инсталирате надградбата на продавницата треба да ја имате инсталирано KB2956575 надградбата.

Претходна статијаMicrosoft ќе претстави Xbox One без Kinect со пониска цена
Следна статијаПотврдени новите Nexus 6 и Nexus 8 ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.