Фото: Nothing

Nothing, компанијата на еден од основачите на OnePlus, на која веќе не и е потребно посебно претставување, влезе во уште еден дел од пазарот. Тие ги претставија нивните први слушалки од категоријата кои се носат врз ушите и го носат името Nothing Headphone (1).

Како што истакнува Маркез Браунли во видеото подолу, Nothing слободно може да се каже дека е дизајн компанија, а тоа воопшто не изненадува поради фактот што основачот Карл Пеи не крие колку од неговата инспирација доаѓа од стилот на кој функционира Apple. 

Nothing Headphone (1) во сличен стил како и повеќето од останатите производи од компанијата доаѓаат со проѕирни делови, односно направени се на начин да се гледаат дел од компонентите внатре.

Слушалките дефинитивно доаѓаат со уникатен стил, а истиот потсетува на малите касети кои порано се користеа за слушање музика.

Што се однесува до карактеристиките, Nothing Headphone (1) од тоа што може да се прочита овозможуваат доста квалитетен звук, а посебно за таа цена. Слушалките се произведени во соработка со компанијата KEF, очекувано, но сепак не се работи само за додавање на сопствен дизајн на веќе постоечки производ од оваа компанија. 

Како што би се очекувало од слушалки кои треба да овозможат квалитетно искуство, Headphone (1) доаѓаат со функцијата за придушување на бучавата, а тие кои имаат шанса да ги тестираат истакнуваат дека истата е просечна, односно е добра, но не може да се мери со слушалките од Sony, на пример. 

Покрај интересниот дизајн, Nothing Headphone (1) се истакнуваат и по добро осмислените копчиња на слушалките и нивните функции, како и апликацијата која овозможува доста високо ниво на прилагодување. 

Во продолжение можете да го погледнете видеото од Маркез Браунли. 

Претходна статијаКако да изберете соодветно возило – водич за бензин, дизел, хибрид и електрични возила
Следна статијаNothing го претстави Phone (3) нивниот прв телефон од повисоката класа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.