Еден од најпрепознатливите брендови во светот, после 60 години го менува своето лого. Nokia веќе нема да го користи своето досегашно лого, а со оглед на тоа што истото е препознатливо како лого за мобилните телефони, не изненадува што од компанијата сакаат да се издвојат од тоа.

Новото лого ја отсликува компанијата каква што е денес, со нова енергија и посветеност, истакнува директорот на Nokia. Новото лого е објавено во рамките на MWC 2023 настанот за технологија, па веќе може да се види како се користи на веб страните од компанијата.

„Во паметот на повеќето луѓе, ние се’ уште сме успешен бренд на мобилни телефони, но тоа не е она за што е Nokia. Сакаме да лансираме нов бренд кој повеќе се фокусира на мрежите и индустриската дигитализација, што е сосема поинаква работа од мобилните телефони.“ – истакна директорот на Nokia, Пека Лундмарк за Bloomberg.

Навистина, по продажбата на делот за мобилни телефони на Microsoft во 2014, по што брендот стана познат по Windows Mobile телефоните, Nokia компанијата веќе немаше ништо со овие телефони. Microsoft по неуспехот да земе доволно голем дел од пазарот, го продаде брендот на HMD Global во 2016, кои од тогаш се компанијата која го користи овој бренд и претставува Android смартфони.

Според информациите, старото и познато лого на Nokia ќе продолжи да се користи од страна на HMD Global, што значи дека логото кое е познато по телефоните, ќе остане таму каде што му е местото.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаКако еволуираше мобилната мрежа: од 2G до 5G
Следна статијаSamsung ja претстави новата линија на поврзани уреди на првиот европски Samsung Самит
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.