Институтот Fraunhofer HHI оваа недела ја претстави најновата верзија од „кодеците“ кои тие ги развиваат. Резултат на повеќе години на истражување и стандардизација, H.266, исто така наречен и Versatile Video Coding – VCC, донесува огромна разлика и придобивки во споредба со неговиот претходник, H.265/HEVC.

H.266 кодекот ќе може со истиот квалитет на видео содржината да ги пренесе податоците со половина од потребниот капацитет за пренос, односно самата датотека ќе биде за половина помала во споредба со претходната верзија од кодекот.

Тоа значи дека, на пример, еден филм во 4K квалитет со времетраење од 90 минути, наместо 10 гигабајти, ќе има датотека со големина од 5 гигабајти.

Придобивките на оваа разлика се огромни. Оптовареноста на мрежите ќе се намали значително, а тоа посебно ќе дојде до израз кај мобилните мрежи кои сепак се многу повеќе ограничени за разлика од оптичките мрежи во домовите.

Друг пример, 4K содржината, која на Netflix се симнува со околу 15 Mbps, истото сега ќе може да го прави со половина од таа брзина, односно ако ја здржи истата брзина, ќе може да овозможи подобар квалитет на сликата.

H.266/VCC ќе има поддршка за видео од SD до 8К квалитет, а исто така не е заборавена и поддршката за HDR, како и 360 степени видеа.

Софтверот потребен за кодирање и декодирање на содржината во новиот кодек ќе биде пуштен оваа есен, па очекуваме дека многу скоро ќе почнат да го применуваат и најпознатите стриминг сервиси, а не се грижете, добивка од ова ќе имаат и верните торент корисници.

Уште не се познати потребните ресурси за кодирање во овој кодек, па истите ќе бидат објавени до пуштањето на потребниот софтвер.

ИЗВОРTom's Hardware
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаWizz Air објави 25% попуст на одредени дестинации
Следна статијаНеофицијални слики од новите безжични слушалки од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.