logo-black-long

MobileFirstMK Powered by FIVE ­ прва македонска конференција за мобилни апликации

4ти Април 2015 ­ ФОН Универзитет

MobileFirstMK ­ “Powered by FIVE” е​ првата конференција за мобилни апликации во Македонија.

На еднодневната конференција македонските​ ентузијасти и инженери за мобилни апликации за прв пат ќе имаат можност да го збогатат своето знаење од областа на развој на мобилни апликации. Ќе бидат разработени теми од сите аспекти на создавање на квалитетна апликација од нејзиниот дизајн, самото програмирање и нејзиното претставување на пазарот.

На MobileFirstMK освен излагањата на локални и странски предавачи, кои се докажани професионалци во својата област, присутните ќе имаат можност да учествуваат и во панел дискусија каде ќе се зборува за новитетите и насоките во кои се движи индустријата.

Настанот е поддржан од хрватската софтверска компанија FIVE,​ која го опслужува глобалниот пазар и во свото портфолио има клиенти како Rhapsody,​ Squarespace, Rosetta Stone и Ministry of Sound. Оваа компанија со повеќе од 100 инженери и тестери во Загреб, Осјек и Њу Јорк креираше и сопствен производ Shoutem за кој во 2010 година доби ивнестиција, а денес им служи на повеќе од 3000 клиенти да креираат свои апликации.

Настанот е наменет за софтвер инженери, дизајнери, маркетери и ентузијасти кои имаат интерес за нови технологии.

Листата на говорници уште не е финализирана, но засега се потврдени:

Лука Абрус (Хрватска) ­ Извршен директор, FIVE

Горјан Јовановски (Македонија) ­ Софтвер инженер, FINKI

Стефан Цветановски (Македонија) ­ Софтвер инженер, Tabletmenukaart.nl

Александра Христов (Македонија) ­ Графички дизајнер, Netcetera

Дарко Булдиоски (Македонија)­ Извршен директор, BuzzBaseME

Повеќе информации за секој говорник можете да најдете на http://mobilefirst.mk 

Билетите се веќе во продажба преку системот на Купи Карти за Се, по цена од:​

  • Student билети ­ 490 денари​
  • Early Bird билети во продажба до 22 март ­ 690 денари​
Претходна статијаAndroid нотификациите на вашиот GNOME десктоп
Следна статија90sync – Следење на информации за играчите во вистинско време